Економската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од годинава е речиси на еднакво ниво како во претходните три месеца, а поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година. Се очекуваат поповолни тенденции во наредните две тримесечја. Според Државниот завод за статистика, количествата на резервите е зголемена во однос на претходното тримесечје. Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од годинава е намален за 0,4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1,1 процентен поен е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година.
Економската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од годинава е речиси на еднакво ниво како во претходните три месеца, а поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година. Се очекуваат поповолни тенденции во наредните две тримесечја.
Според Државниот завод за статистика, количествата на резервите е зголемена во однос на претходното тримесечје. Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од годинава е намален за 0,4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1,1 процентен поен е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година.
Финансиската состојба во второто тримесечје од годинава е понеповолна во однос на првото тримесечје, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека тие ќе се намалат, додека за бројот на вработените се очекува дека ќе се зголеми.
Продажните цени во второто тримесечје од 2015 година се зголемени и се очекува во наредните три месеци да се зголемат.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од годинава имале слаба побарувачка на купувачите, со 27,9 проценти, зголемената понуда на пазарот со 14,2 и добивањето на банкарски кредити со влијание од 12,8 проценти.