На македонските транспортери од денеска им се достапни поевтини ТИР-карнетите, и тоа за 9 до 32 отсто. Ова е дел од одлуката на Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ и СИЗ Македонија сообраќај - АМЕРИТ, со која се зголемуваат бенефициите за корисниците на ТИР-карнети што ќе се одвива во три фази. Емил Милев, управител на СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, истакнува дека ставот на транспортната асоцијација беше поддржан и прифатен од сите земји членки на ИРУ и резултираше со прифаќање на предлогот на АМЕРИТ на меѓународно ниво. Одлуката за воведените бенефиции, според Милев, најпрво ќе почне да се применува во Македонија, а нејзиното спроведување ќе го реализира СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ.
На македонските транспортери од денеска им се достапни поевтини ТИР-карнетите, и тоа за 9 до 32 отсто. Ова е дел од одлуката на Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ и СИЗ Македонија сообраќај - АМЕРИТ, со која се зголемуваат бенефициите за корисниците на ТИР-карнети што ќе се одвива во три фази.
Емил Милев, управител на СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, истакнува дека ставот на транспортната асоцијација беше поддржан и прифатен од сите земји членки на ИРУ и резултираше со прифаќање на предлогот на АМЕРИТ на меѓународно ниво.
Одлуката за воведените бенефиции, според Милев, најпрво ќе почне да се применува во Македонија, а нејзиното спроведување ќе го реализира СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ.
Во соопштението наведуваат дека оваа бенефиција е постигната врз основа на добрата соработка на транспортната асоцијација со Царинската управа на Македонија и Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ, како и со имплементирањето на безбедносните елементи од ТИР-ЕПД апликацијата од страна на македонската Царина.
Се очекува овие бенефиции да бидат големо транспортно олеснување за македонските патни превозници, односно да им овозможат поуспешно и поекономично работење, што е особено значајно бидејќи тие се обезбедени во период кога меѓународниот патен сообраќај е обременет со низа транспортни ограничувања и проблеми.