Поевтинуваат горивата за два односно 1,5 денари

Bez autora
Jul 11 2016

Бензините, од ноќеска на полноќ, поевтинуваат за два, односно денар и половина, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за 0,5 денари, одлучи во понеделник, Регулаторната комисија за енергетика. Литар Еуросупер БС 95, чија цена се намалува за два денара, ќе се продава за 61 денар, а Еуросупер БЦ 98, каде намалувањето е 1,5 денари, ќе чини 63 денари. Новата цена на Еуродизелот е 49 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари. За 1,125 денари поскапува килограм мазут М-1 НС и ќе чини 22,913 денари.

Поевтинуваат горивата за два односно 1,5 денариБензините, од ноќеска на полноќ, поевтинуваат за два, односно денар и половина, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за 0,5 денари, одлучи во понеделник, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Литар Еуросупер БС 95, чија цена се намалува за два денара, ќе се продава за 61 денар, а Еуросупер БЦ 98, каде намалувањето е 1,5 денари, ќе чини 63 денари.  

Новата цена на Еуродизелот е 49 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство  37,50 денари. За 1,125 денари поскапува килограм мазут  М - 1  НС  и ќе чини 22,913  денари.

РКЕ изврши корекција на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и курсот на доларот.

Намалувањето на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 1,41 процент, односно за 0,81 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik