Покана за доставување понуди за изработка на онлајн-продавница за промоција и продажба на производи

Bez autora
Oct 22 2019

За потребите на проектот „Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“, кој се реализира во рамките на „Програмата за прекугранична соработка на Република Северна Македонија – Република Албанија за 2014 и 2015“, а врз основа на договорот за грант, Центарот за управување со промени објавува Покана за доставување понуди 03/2019 за набавка на услуги за: изработка на онлајн-продавница за промоција и продажба на производи од жените кориснички на програмата. Центарот за управување со промени – ЦУП во рамките на проектот „Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“ има потреба од набавка на услуги за: изработка на онлајн-продавница за продажба на производи, која вклучува целосна подготовка на веб-апликацијата, фотографирање и собирање податоци за производи и содржини, како и промоција на онлајн-продавницата во пошироката јавност.

Покана за доставување понуди за изработка на онлајн-продавница за промоција и продажба на производиЗа потребите на проектот „Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“, кој се реализира во рамките на „Програмата за прекугранична соработка на Република Северна Македонија – Република Албанија за 2014 и 2015“, а врз основа на договорот за грант, Центарот за управување со промени – ЦУП објавува: Покана за доставување понуди 03/2019 за набавка на услуги за: изработка на онлајн-продавница за промоција и продажба на производи од жените кориснички на програмата.

Центарот за управување со промени – ЦУП во рамките на проектот „Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“ има потреба од набавка на услуги за: изработка на онлајн-продавница за продажба на производи, која вклучува целосна подготовка на веб-апликацијата, фотографирање и собирање податоци за производи и содржини, како и промоција на онлајн-продавницата во пошироката јавност.

На повикот може да се пријават компании или здруженија на граѓани, но не и физички лица. Проценетата вредност на набавката изнесува 24.000,00 евра во денарска противвредност. Таа вклучува (1) изработка на веб-апликација, администрирање и тековно одржување на онлајн-продавницата, (2) теренски дел на собирање податоци и сликање на производите и полнење со содржини, како и (3) промоција на онлајн-продавницата во пошироката јавност. Услугата предвидена со набавката е неделива.

Краен рок на доставување на понудите е до 1.11.2019 година до 16 часот.

Подетален опис на услугите, условите за аплицирање, како и потребната документација, може да ги побарате на следниот линк: www.cup.org.mk во делот на објавени повици.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik