Половина од домашните компании за промоција користат социјални мрежи

Bez autora
Oct 21 2015

Во 2015 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93,5 отсто од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3Г/4Г), имале 59,1 отсто од деловните субјекти. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, според кои мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: ноутбук, лаптоп, смартфон, ПДА фоун итн.), за деловна намена, користеле 11,4 отсто од вработените во деловните субјекти. Половината (49,8 проценти) од деловните субјекти користеле социјални медиуми (пр. „Фејсбук“, „Линкедин“, „Твитер“, „Пресент“), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење на одреден социјален медиум.

Во 2015 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93,5 отсто од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3Г/4Г), имале 59,1 отсто од деловните субјекти.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, според кои мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: ноутбук, лаптоп, смартфон, ПДА фоун итн.), за деловна намена, користеле 11,4 отсто од вработените во деловните субјекти. Половината (49,8 проценти) од деловните субјекти користеле социјални медиуми (пр. „Фејсбук“, „Линкедин“, „Твитер“, „Пресент“), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење на одреден социјален медиум.

Околу 52 отсто од деловните субјекти имале веб-страница или почетна страница, од нив, 79 отсто на веб-страницата имале обезбедено опис на производите или услугите, ценовници, додека 40,2 проценти имале наведено линкови или референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 16,4 отсто обезбедиле онлајн нарачување, резервирање. Вкупно 17,7 отсто од деловните субјекти имале ЕРП-софтверски пакет за електронска и автоматска размена на информации во рамките на деловниот субјект, а 21,6 отсто употребувале софтверска апликација за управување или анализа на информациите за клиентите, т.н. ЦРМ.

Во текот на 2014 година, 7,7 отсто од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или ЕДИ), е-продажба реализирале 3,6 отсто, а е-купувања имале 5,9 отсто од деловните субјекти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik