Половните автомобили се уште барани, а цената им паѓа

Bez autora
Feb 22 2012

Македонскиот пазар се уште не е заситен од половни возила, но продажбата и цените не го потврдуваат тоа. Ова го констатираат трговците со употребувани возила кои велат дека и по бумот пред две години кој се случи поради намалувањето на акцизата, претежно во внатрешноста на државата се уште се тркалаат голем број автомобили зрели за расходување, стари и по 40 години, а побарувачката се сведува на најевтините, со цени меѓу 2.000 и преку сила 5.000 евра. Во 2010 година, кога Владата ја намали акцизата на половните возила, во државата се увезоа рекордни над 51.000 такви автомобили, за разлика од претходната година кога Царината сумираше увоз на едвај 3.000. Лани се увезле над 42 илјади возила, што говори за паднат, но солиден промет.

Половните автомобили се уште барани, а цената им паѓаМакедонскиот пазар се уште не е заситен од половни возила, но продажбата и цените не го потврдуваат тоа.

Ова го констатираат трговците со употребувани возила кои велат дека и по бумот пред две години кој се случи поради намалувањето на акцизата, претежно во внатрешноста на државата се уште се тркалаат голем број автомобили зрели за расходување, стари и по 40 години, а побарувачката се сведува на најевтините, со цени меѓу 2.000 и преку сила 5.000 евра.

Во 2010 година, кога Владата ја намали акцизата на половните возила, во државата се увезоа рекордни над 51.000 такви автомобили, за разлика од претходната година кога Царината сумираше увоз на едвај 3.000. Лани се увезле над 42 илјади возила, што говори за паднат, но солиден промет. Сепак, според искуствата на трговците, тие не биле рамномерно распоредени низ државата. Продавачите на вакви возила во битолскиот регион велат дека продажбата во последно време се враќа во некоја нормала, додека пак, во велешкиот оценуваат дека толку е опадната што едвај крпат крај со крај. Но, сите се единствени дека цената им е драстично падната.

- Во последно време имаше некој застој во продажбата, веројатно поради лошите временски услови. Очекуваме дека сега состојбата ќе се стабилизира, а тоа би значело враќање во некоја нормала од периодот пред намалувањето на акцизата. Несомнено е дека граѓаните имаат уште потреба од подновување со автомобил, зашто барем во нашиот крај во 2010 година некои купија по неколку, за секого во семејството, а се уште ги има многу кои возат југовци - вели Жан Пирковски, сопственик на ДОО Пирковскии од Битола.

Тој објаснува дека цените на половините автомобили во однос на 2010 година се паднати за околу 30 отсто, а смета дека причина за тоа е нелојалната конкуренција, односно големиот број на увозници кои работат на црно, без да плаќаат давачки кон државата. Најпродавани возила на неговиот плац се тие што чинат меѓу 3.000 и 5.000 евра. Тоа се голф 33, голф 44, ауди 44.

- Има некои кои купуваат и поскапи, но во глобала, може да се каже дека се завршува на 5.000 евра. Има многу заинтересирани, но често муштериите велат дека сакаат да го купат автомобилот што им се допаднал, ама кога ќе го продадат тутунот, пиперот и слично, што зборува дека граѓаните се уште имаат потреба од автомобили - објаснува Пирковски.

Според сопствениците на плацови, во велешкиот крај ситуацијата е сосема поинаква, а заедничка е само констатацијата дека цените паднале за 30 отсто.

- Во последните шест месеци продажбата ни е намалена за 200 отсто. Едвај крпиме душа. Пазарот е доста заситен од 2010 година, но се уште има потреба од автомобили. Најверојатно дека прометот паѓа затоа што луѓето немаат пари - вели Оливер Димитриевски, управител на Авто Алексс од Велес.

За разлика од битолчани кои купуваат коли од 3.000-4.000 евра, во Велес најпродавани се тие од 2.000 евра. Тоа се автомобили од 1997-1998 година, претежно дизел, а најпродавани марки се голфф, опелл, додека барани се и пикапи потребни за работа.

Трговијата со половни возила, која особено се разви во 2010 година и падот на цените ја десеткуваше продажбата на новите автомобили. Ако салоните во 2009 година ја завршиле со продадени 10.574 возила, лани продале двојно помалку, или 5.795.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik