Полски новинари ќе ја промовираат Македонија како туристичка дестинација

Bez autora
Jul 31 2017

Како продолжение на неодамна отворените сезонски чартер-летови од Катовице на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“, „ТАВ Македонија„ донесе пет новинари од Полска во Македонија со цел да ги искусат убавините на земјата и да ја промовираат како туристичка дестинација меѓу туристите од Полска. Од 17 до 22 јули пет новинари од Полска од угледни печатени и онлајн-медиуми ја посетија Македонија, конкретно Скопје и Скопскиот Регион (кањонот на Матка, винарници), Охридското Езеро и Битолскиот Регион искусувајќи ги убавините на земјата и нејзиното културно-историско наследство. Очекуваме оваа активност да придонесе за повисока побарувачка на летови од Полска кон Охрид, со цел тур-операторот Рего Бис да ја операционализира најавената дополнителна дестинација – Варшава, како и да придонесе за отворање дополнителни чартер-летови од Полска до Македонија организирани од друг полски тур-оператор за што сме во преговори долго време, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Полски новинари ќе ја промовираат Македонија како туристичка дестинацијаКако продолжение на неодамна отворените сезонски чартер-летови од Катовице на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“, „ТАВ Македонија„ донесе пет новинари од Полска во Македонија со цел да ги искусат убавините на земјата и да ја промовираат како туристичка дестинација меѓу туристите од Полска.

„Од 17 до 22 јули пет новинари од Полска од угледни печатени и онлајн-медиуми ја посетија Македонија, конкретно Скопје и Скопскиот Регион (кањонот на Матка, винарници), Охридското Езеро и Битолскиот Регион искусувајќи ги убавините на земјата и нејзиното културно-историско наследство. Очекуваме оваа активност да придонесе за повисока побарувачка на летови од Полска кон Охрид, со цел тур-операторот Рего Бис да ја операционализира најавената дополнителна дестинација – Варшава, како и да придонесе за отворање дополнителни чартер-летови од Полска до Македонија организирани од друг полски тур-оператор за што сме во преговори долго време“, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Како што објаснува Ерсој, „ТАВ Македонија“ постојано презема слични маркетинг-активности не само за привлекување авиокомпании и тур-оператори да почнат да летаат од двата македонски аеродрома – скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. апостол Павле“, туку и да ги поддржи новоотворените дестинации и да создаде поголема побарувачка за летови кон Македонија од пазарите од каде што доаѓаат патници во земјата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik