И кај граѓаните и кај компаниите почна да се чувствува поголема дисциплина при плаќањето на давачките кон државата. Тоа го потврдуваат и најновите бројки на листата на должници на Управата за јавни приходи, УЈП. На најновата „црна листа“ , до крајот на ноември лани, имало вкупно 4.099 должници. Од нив, правни лица се 3.016, што е помалку за 119, а физички лица се 1.083 и нив ги има помалку за 28 во споредба со претходната листа за октомври 2014. Нивниот вкупен бруто-долг е 17 милијарди денари или околу 280 милиони евра, што е за 233 милиони денари помалку од претходните податоци. Долгот по основ на даноци и придонеси, според УЈП, изнесува 13 милијарди денари или помалку за 305 милиони денари од претходната листа, додека долгот за царински давачки е 228 милиони денари или помалку за 11,6 милиони денари од претходната листа.
И кај граѓаните и кај компаниите почна да се чувствува поголема дисциплина при плаќањето на давачките кон државата. Тоа го потврдуваат и најновите бројки на листата на должници на Управата за јавни приходи, УЈП. На најновата „црна листа“ , до крајот на ноември лани, имало вкупно 4.099 должници. Од нив, правни лица се 3.016, што е помалку за 119, а физички лица се 1.083 и нив ги има помалку за 28 во споредба со претходната листа за октомври 2014.
Нивниот вкупен бруто-долг е 17 милијарди денари или околу 280 милиони евра, што е за 233 милиони денари помалку од претходните податоци. Долгот по основ на даноци и придонеси, според УЈП, изнесува 13 милијарди денари или помалку за 305 милиони денари од претходната листа, додека долгот за царински давачки е 228 милиони денари или помалку за 11,6 милиони денари од претходната листа.
На најновата листа на должници се евидентирани долговите заклучно со ноември минатата година, а кои не се платени до крајот на февруари годинава. Тие се по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Согласно со Законот за даночна постапка, на „црната листа“ се наоѓаат физички лица со долг повисок од 120.000 денари и правни лица кои должат над 5.000 евра.
Откако УЈП почна секој месец да ја објавува црната листа, од јуни лани, со цел да ги изнесе пред јавноста должниците на државата и да ги поттикне да ги платат обврските, од почетокот беа и останаа најголеми должници три компании. Тоа се: „Ел Дон Кастило Ангел, експорт-импорт“ „Индустрија ел ацтека“ и „Мотор коач индустри интернационал“, чиј долг е по 18,3 милиони евра. Четврта по ред фирма со долг од 6,3 милиони евра е „Фонлинегруп“.
Повторно на листата се најдоа и повеќе јавни претпријатија. Така, ЈП „Македонија пат“ има долг од 6 милиони евра, исто како и на претходната листа. ЈП „Македонски шуми“ должи 4,9 милиони евра, што е повеќе за околу 500 илјади евра во споредба со листа на долгови за октомври 2014 година. И јавните сервиси кои трошат пари од граѓаните пак се најдоа на црниот список. „Македонска радиодифузија“ е на 37. место со висина на долг од 890 илјади евра, како и „Македонска радио телевизија“ со долг од 1,9 милиони евра. Оваа установа, како што е познато, секој месец им ги блокира сметките на илјадници граѓани поради ненавремено плаќање на сметките за радиодифузна такса. И Министерството за здравство е на листата. Тоа и' должи на државата 365 илјади евра. „Улици и патишта“, пак, имаат долгови во износ од над 325 илјади евра. На листата има и медиумски куќи, како тетовското радио и телевизија „Кис“ со долг од 770 илјади денари и телевизија „Алфа“ чиј долг изнесува 9 милиони денари или 158 илјади евра.