Помалку кредити за фирмите во октомври

Bez autora
Nov 22 2016

Намалено кредитирање за компаниите и силен раст на вкупните депозити во домашниот банкарски сектор се случил во октомври, оваа година, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија. Вкупното кредитирање во десеттиот месец од годинава се намалило за 16,7 милиони евра, регистрирала централната банка. Односно, на крајот на октомври компаниите и граѓаните на домашните банки им должат вкупно 4,46 милијарди евра. Она што е забележително е дека во октомври значително било пониско кредитирањето на бизнис-секторот. Односно, за еден месец кредитирањето на компаниите се намалило за дури 38 милиони евра, така што сега вкупниот долг на фирмите изнесува 2,35 милијарди евра.

Помалку кредити за фирмите во октомвриНамалено кредитирање за компаниите и силен раст на вкупните депозити во домашниот банкарски сектор се случил во октомври, оваа година, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија.

Вкупното кредитирање во десеттиот месец од годинава се намалило за 16,7 милиони евра, регистрирала централната банка. Односно, на крајот на октомври компаниите и граѓаните на домашните банки им должат вкупно 4,46 милијарди евра.

Она што е забележително е дека во октомври значително било пониско кредитирањето на бизнис-секторот. Односно, за еден месец кредитирањето на компаниите се намалило за дури 38 милиони евра, така што сега вкупниот долг на фирмите изнесува 2,35 милијарди евра.

Иако компаниите или самите не сакале да земаат заеми од домашните банки, или, пак, не успеале да ги добијат, за граѓаните и во октомври не запрело банкарското кредитирање. Односно, за само еден месец домаќинствата добиле нови кредити од 29,8 милиони евра, говорат податоците на Народната банка. Вкупниот долг на граѓаните кон банките на крајот на десеттиот месец од годинава изнесувал 2,08 милијарди евра.

А, во октомври растат и лошите кредити, иако за мала месечна сума од околу два милиони евра. Како што е познато, НБМ во јуни годинава донесе мерка со која се намалија значително нефункционалните заеми. Но, во октомври тие се на ниво од 326,6 милиони евра, што е раст за околу два милиони евра. Лошите кредити во вкупните учествуваат со 7,33 отсто, што се смета за низок процент во споредба со земјите од регионот.

А, на страната на депозитите во октомври се случиле позитивни промени, односно е забележан нивни значаен раст. Пораснале и депозитите на компаниите, но и штедните влогови на граѓаните, покажуваат податоците на НБМ.

На крајот на октомври годинава вкупните депозити во домашните банки изнесувале 4,97 милијарди евра, што е месечен раст за 48,6 милиони евра.

Притоа, депозитите на компаниите пораснале за 26 милиони евра и достигнале 1,17 милијарди евра.

Додека, пак, во десеттиот месец одличен раст има и кај заштедите на населението, за 23 милиони евра. Со овој раст тие на крајот на октомври се на ниво од 3,43 милијарди евра. Овој раст е многу битен бидејќи во април и во мај штедењето доживеа сериозни шокови, поради тоа што граѓаните поради шпекулации ги повлекуваа своите влогови од банките.

Сепак, штедењето на домаќинствата и во октомври не може да го достигне нивото што го имаше во март годинава, пред повлекувањето. Од тие причини НБМ за оваа година проектира помала годишна стапка на раст на депозитите, која треба до крајот на годинава да изнесува 2,6 отсто.

Шпаркасе банка нов учесник на берзата

Комисијата за хартии од вредност вчера и' даде дозвола на Шпаркасе банка Македонија да основа Одделение за работи со хартии од вредност со кое ќе раководи Драган Илкоски.

Како што информираат од КХВ, Одделението за работи со хартии од вредност ќе ги врши сите услуги со хартии од вредност како што се купување и продавање хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, купување и продавање хартии од вредност по налог и за своја сметка, управување со портфолио на хартии од вредност, вршење активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за јавна понуда на хартии од вредност, дејствување како покровител при котација, инвестициско советување, активности за сметка на трети лица за преземање акционерско друштво во согласност со Законот за преземање акционерски друштва, чување хартии од вредност, прием и пренос на налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

Шпаркасе банка Македонија преку Одделението за работи со хартии од вредност ќе биде 11. овластен учесник на пазарот на хартии од вредност во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik