Пониски камати и помали хипотеки - фирмите полесно до кредит

Bez autora
Feb 07 2017

Банките во последниот квартал од минатата година значително ги олесниле условите што ги бараат од корисниците за да им одобрат кредит. Конкретно, ги намалиле и каматите, но и не биле толку строги во барањата за обезбедување за да одобрат заем. Во последниот квартал лани е забележано олеснување на вкупните кредитни услови, но значително посилно во споредба со претходната анкета, велат од Народна банка на Македонија. Со оваа анкета се опфатени 14 банки во земјава. Кога станува збор за заеми на компаниите, во четвртиот квартал лани значително се олесниле условите за добивање кредити, многу повеќе отколку во претходните три квартали, но и повеќе од очекувањата. Намалувањето на каматите на кредитите се смета како главниот услов што е олеснет. Но, како што објаснуваат од НБМ, банките значајно ги „олабавиле“ и другите услови, а тоа се барањата за обезбедување на кредитот, како што се жиранти или хипотеки. Олеснувања имало и во поглед на достасувањето на заемите. Кога станува збор за големината на кредитот што се одобрува, пак, таму имало умерено олабавување.

Пониски камати и помали хипотеки - фирмите полесно до кредитБанките во последниот квартал од минатата година значително ги олесниле условите што ги бараат од корисниците за да им одобрат кредит. Конкретно, ги намалиле и каматите, но и не биле толку строги во барањата за обезбедување за да одобрат заем.

„Во последниот квартал лани е забележано олеснување на вкупните кредитни услови, но значително посилно во споредба со претходната анкета“, велат од Народна банка на Македонија . Со оваа анкета се опфатени 14 банки во земјава.

Кога станува збор за заеми на компаниите, во четвртиот квартал лани значително се олесниле условите за добивање кредити, многу повеќе отколку во претходните три квартали, но и повеќе од очекувањата.

Намалувањето на каматите на кредитите се смета како главниот услов што е олеснет. Но, како што објаснуваат од НБМ, банките значајно ги „олабавиле“ и другите услови, а тоа се барањата за обезбедување на кредитот, како што се жиранти или хипотеки. Олеснувања имало и во поглед на достасувањето на заемите. Кога станува збор за големината на кредитот што се одобрува, пак, таму имало умерено олабавување.

Анкетата покажала дека главен фактор кој ги одоброволил банките да им даваат повеќе кредити на фирмите, е зголемената конкуренција меѓу нив, како и подобрената ликвидност.

„Од аспект на влијанието на промените во монетарната политика, најголем дел од банките, односно 86 отсто, укажуваат на нејзино незначително влијание врз кредитните одлуки“, се вели во анкетата на НБМ.

Инаку, фирмите во последното тримесечје лани барале заеми, но не толку многу како во претходниот период. А, кредитите најмногу им требале за преструктурирање на долгот, инвестиции во резерви и обртен капитал, но и за инвестиции во основни средства.

Банките и за првите три месеци од оваа година укажуваат дека и натаму ќе им ги олеснуваат условите на фирмите, и тоа на сите видови на корпоративни кредити.

Полесни и подобри услови за кредитирање во последниот квартал лани имало и кај населението, и тоа со значително посилно темпо отколку претходно. Најлесно се делеле потрошувачките кредити, а послабо станбените.

„Ова засилување главно е резултат на поголемиот процент банки кои укажуваат на олеснување на кредитните услови кај потрошувачките кредити. Кај станбените кредити не се забележува промена, при што мал процент на банките укажуваат на олеснети кредитни услови, додека најголемиот дел, околу 92 отсто од банките, укажуваат дека условите и натаму се непроменети. Оствареното олеснување на кредитните услови е послабо кај станбените и посилно кај потрошувачките кредити“, се вели во анкетата на централната банка. Кај потрошувачките заеми, исто така, повеќе се намалиле и каматите во споредба со станбените кредити.

За да се одобруваат полесно овие заеми големо влијание има конкуренцијата меѓу банките, но и очекувањата за вкупната економска активност, кои придонесуваат кон умерено олеснување на кредитните услови, особено нагласено кај станбените кредити. А, како пречка се јавува ризикот на банките од тоа да не успеат да го извршат обезбедувањето.

Кога станува збор за побарувачката, населението во четвртиот квартал лани многу повеќе барало станбени кредити, но се зголемувала побарувачката и за потрошувачки кредити.

„Перспективите на пазарот за станбена изградба и натаму е фактор кој придонесува кон зголемена побарувачка на станбени кредити, но со помало влијание во однос на претходната анкета. Довербата на потрошувачите и заштедите на населението и натаму влијаат стимулативно врз побарувачката. Во однос на потрошувачките кредити, трошењето за трајни добра е фактор што придонесува кон зголемување на побарувачката“, констатирале од централната банка при изработката на анкетата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik