Владата одлучи да го поништи стариот и да распише нов тендер за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во скопскиот, западниот и источниот регион. Концесијата ќе биде заголемена за уште десет години, односно од 20 како што беше во претходниот тендер, на 30. Како причина за оваа одлука донесена на владина седница во саботата, била новонастанатата ситуација на регионалниот, европскиот и светскиот пазар на гас. Новите услови на пазарите бараат нови пристапи и нови решенија за атрактивноста на проектот, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Инаку, според владиното соопштение, ќе започне постапка за јавен повик за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во скопскиот, западниот и источниот регион, односно на целата територија на Македонија, по пат на јавно приватно партнерство.
Владата одлучи да го поништи стариот и да распише нов тендер за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во скопскиот, западниот и источниот регион. Концесијата ќе биде заголемена за уште десет години, односно од 20 како што беше во претходниот тендер, на 30. Како причина за оваа одлука донесена на владина седница во саботата, била новонастанатата ситуација на регионалниот, европскиот и светскиот пазар на гас.
„Новите услови на пазарите бараат нови пристапи и нови решенија за атрактивноста на проектот“, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Инаку, според владиното соопштение, ќе започне постапка за јавен повик за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во скопскиот, западниот и источниот регион, односно на целата територија на Македонија, по пат на јавно приватно партнерство. Советникот на премиерот за енергетика, Христијан Мицковски, информира дека новиот тендер предвидува зголемување на концесијата, од 20 на 30 години, и намалување на цената на приклучокот за граѓаните, од 100 на 80 евра.
Според Ѓорѓиев, во изминатиот период се заврши магистралниот гасоводот Штип – Клечовце, а неодамна почна да се гради магистралната линија од Клечовце до Неготино. Наскоро ќе следи реализација и на трасата од Неготино до Битола, како и од Скопје до Гостивар, преку Тетово. Ѓорѓиев изјави дека причина за објавувањето на нов повик е новонастанатата ситуација на светскиот пазар на гас.
„Стартува нов процес со гасификацијата, со што ќе се обезбеди достапност на природниот гас како енергенс за потребите на домаќинствата, на граѓаните, на јавниот и на приватниот сектор“, рече Ѓорѓиев. При тоа, тој додаде дека новите услови на регионалниот, европскиот и на светскиот пазар бараат нови пристапи и нови решенија за атрактивноста на проектот.
На владината одлука за поништување на стариот и распишување на нов тендер, реагираше опозицискиот СДСМ, која преку соопштение обвини дека на помалку од три месеци до изборите, Владата прави обид да се спроведе еден од најскандалозните корупциски тендери.
„Владата сака да даде концесија во траење од 30 години, на фирма што наводно во иднина треба да изгради дистрибутивна мрежа за природен гас. Која е таа фирма? Одлуката за нов проект за изградба на гасоводна дистрибутивна мрежа упатува на отворање пат за огромна корупција, ако се земе предвид дека само пред неколку дена е поништена претходната одлука за гасификација скопскиот, западниот и источниот регион“, обвинија од СДСМ. Од Владата, пак, одговорија дека СДСМ дава погрешни податоци и пристап на гасификацијата и се обидува да манипулира со граѓаните. „Сите лажни обвинувања кои ги наведува СДСМ се тотално невистинити“, реагираа од Владата. Во пишаната реакција се потенцира дека Владата ги става на располагање сите кадровски и материјални ресурси за да помогне во успешна реализација и во општинските проекти за гасификација на Струмица и на Куманово.