Понудата на станови поголема од растот на населението

Bez autora
Oct 05 2016

Понудата на недвижнини во континуитет расте, а најмногу се градело во Скопје и полошкиот регион. Во целата земја брзината на изградбата го надминува растот на населението, што укажува на прекумерна понуда. Во изминатите години растела и побарувачката за живеалишта, а кризата влијаела за благо намалување на цените на становите. Македонските граѓани, како и соседите од земјите од Централна и Источна Европа, преферираат да живеат во сопствен стан отколку да изнајмат. Овие податоци беа презентирани на Првата конференција за инвестиции во недвижности во Македонија, во организација на онлајн-аукциската куќа за недвижен имот „Е-аукција.мк“ и консултантската компанија „Нолиџ центер“.

Понудата на станови поголема од растот на населениетоПонудата на недвижнини во континуитет расте, а најмногу се градело во Скопје и полошкиот регион. Во целата земја брзината на изградбата го надминува растот на населението, што укажува на прекумерна понуда. Во изминатите години растела и побарувачката за живеалишта, а кризата влијаела за благо намалување на цените на становите. Македонските граѓани, како и соседите од земјите од Централна и Источна Европа, преферираат да живеат во сопствен стан отколку да изнајмат.

Овие податоци беа презентирани на Првата конференција за инвестиции во недвижности во Македонија, во организација на онлајн-аукциската куќа за недвижен имот „Е-аукција.мк“ и консултантската компанија „Нолиџ центер“.

Според податоците на Народна банка, понудата на станови на македонскиот пазар во изминатите 13 години пораснала за 10 проценти. Цените во периодот по кризата стагнираат за разлика од пред 2008 година кога бележеле пораст од 62 проценти. Според вицегувернерот на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска, оваа тенденција е присутна во Македонија и во останатите држави од Централна и Југоисточна Европа.

„Иако е многу тешко да се дадат прецизни процени за идните трендови на овој сегмент, во моментов растечката побарувачка и растечката понуда паралелно со се' порелаксираните услови на банките за станбено кредитирање укажуваат на позитивни тенденции“, заклучи Бежоска.

Позитивна оцена за пазарот на недвижности, според Бежоска, е податокот дека по 2009 година стапката на пораст на станбените кредити е повисока од општата стапка на кредитирање на населението.

Според податоците од Австриската централна банка, околу 80 проценти од недвижностите во Македонија и во регионот се сопственост, а многу мал процент се изнајмени. За разлика од кај нас, во Европската Унија речиси 40 проценти од населението се одлучува да изнајмува стан. Во Македонија 30 проценти од испитаниците никогаш не го промениле местото на живеење, што е највисок процент во регионот, а околу 50 проценти од сопствениците на станови во анкетата се изјасниле дека преферираат да останат во местото каде што живеат. Повеќето од граѓаните живеат во куќа, а помалку во станови.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески, изјави дека се' поголем број на катастарски услуги се нудат преку интернет, што ја зголемува транспарентноста и сигурноста на пазарот.

„Од минатата година сите трансакции ги регистрираме во нашиот систем и на секои 6 месеци објавуваме извештај кој ги прикажува пазарните тенденции. Високи 54 проценти од сите барања кои ги добива Катастар се во електронска форма, на што сме особено горди“, изјави Трпески.

Позитивните тенденции на градежниот пазар и во 2017 година очекува Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво при Стопанската комора на Македонија. Тој изјави дека продажбата на новоизградени станови се оценува како поволна поради што позитивниот тренд во целокупната градежна индустрија ќе продолжи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik