Понудата за преземање на „Макпетрол“ и натаму под лупа на КХВ

Bez autora
Jul 12 2016

Комисијата за хартии од вредност и натаму ја проверува документацијата за преземање на „Макпетрол“ која ја поднесе компанијата „Балкан петролеум холдинг лимитед“. Барањето беше поднесено на 4 овој месец, а според законските прописи, Комисијата треба да се произнесе во рок од десет работни дена, но откако ќе се комплетира целосно документацијата. Тоа практично значи дека постои можност во текот на постапката регулаторот да побара дополнителни документи, со што се пролонгира и конечното решение за (не)валидноста на понудата за преземање. Инаку, денеска се огласија и од компанијата „Балкан петролеум холдинг лимитед“ - еден од инвеститорите, Александер Каплан и овластениот полномошник на компанијата, Петар Стојановски.

Понудата за преземање на „Макпетрол“ и натаму под лупа на КХВКомисијата за хартии од вредност и натаму ја проверува документацијата за преземање на „Макпетрол“ која ја поднесе компанијата „Балкан петролеум холдинг лимитед“.

Барањето беше поднесено на 4 овој месец, а според законските прописи, Комисијата треба да се произнесе во рок од десет работни дена, но откако ќе се комплетира целосно документацијата.

Тоа практично значи дека постои можност во текот на постапката регулаторот да побара дополнителни документи, со што се пролонгира и конечното решение за (не)валидноста на понудата за преземање.

Инаку, денеска се огласија и од компанијата „Балкан петролеум холдинг лимитед“ - еден од инвеститорите, Александер Каплан и овластениот полномошник на компанијата, Петар Стојановски.

Според нив, актуелната ситуација околу преземањето на најголемата нафтена компанија во Македонија, „Макпетрол“, постојано креира доза на неизвесност во јавноста.

„Каплан како главна причина за пројавување на интерес за преземање на најголемата нафтена компанија во државата го наведува своето долгогодишно искуство во индустријата, историја на преземања во Русија и трансформирање на загубари во профитабилни компании, атрактивноста на Македонија како поволна дестинација за развивање на бизниси, како и позитивниот став компанијата со правилен пристап на менаџирање да се донесе во профитабилна состојба за инвеститорите“, вели во пишана изјава до медиумите Стојановски.

Според инвеститорот на „Балкан петролеум холдинг лимитед“, јавната понуда целосно се спроведува на транспарентен и фер начин, а воедно акционерите на „Макпетрол“ имаат можност да добијат поголема добивка со предложената цена која е речиси 50 отсто повисока од пазарната цена на акциите во последната година.

Тој исто така не гледа причина зошто понудата би била одбиена од КХВ, бидејќи, како што се посочува во изјавата, „биле испочитувани сите потребни процедури и с` што било побарано, им било дадено на државните институции, кои според него работат одлично и покажале целосна професионалност“.

„Пројавените сомнежи кои се појавија во јавноста за поврзаноста на ’Балкан петролеум холдинг ЛТД‘ со сомнителен капитал и нелегални активности како перење пари, според Александер Каплан, се неточни, тврдејќи дека првично водењето бизнис со странски јурисдикции со поволен даночен систем е стандардна меѓународна бизнис-практика“, се вели во изјавата, при што се додава дека со цел да се здобијат со контролен пакет во „Макпетрол“ била основана посебна компанија наречена „Балкан петролеум холдинг ЛТД“, која е регистрирана во Велика Британија, односно дека не станува збор за офшор- компанија.

Трите клучни предности кои може да им ги донесат на „Макпетрол“, Владата, вработените и клиентите, како што стои во писмената изјава, се меѓународно бизнис- искуство, понуда на фер и атрактивна цена за акциите на „Макпетрол“ и потпирање на локалното население, со цел да се развие „Макпетрол“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik