Раст на индустриското производство во јули, за 8,3 проценти споредено со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Ова е втор последователен раст како резултат на зголеменото производството во рударството, преработувачката индустрија, енергијата. Благото поместување не ја смени комплетната статистика - во седумте месеци годинава индустријата произвела за три отсто помалку од истите лани, кога Македонија беше во рецесија. Податокот за пораст на индустриското производство во јули од 8,3 проценти, е секако уште еден добар показател дека индустријата, и општо македонската економија заздравуваат и дека излезот од кризата е се поизвесен. Добро е исто така што индустриското производство во целина расте, односно има пораст кај повеќе индустриски гранки.
Раст на индустриското производство во јули, за 8,3 проценти споредено со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Ова е втор последователен раст како резултат на зголеменото производството во рударството, преработувачката индустрија, енергијата.
Благото поместување не ја смени комплетната статистика - во седумте месеци годинава индустријата произвела за три отсто помалку од истите лани, кога Македонија беше во рецесија.
„Податокот за пораст на индустриското производство во јули од 8,3 проценти, е секако уште еден добар показател дека индустријата, и општо македонската економија заздравуваат и дека излезот од кризата е се поизвесен. Добро е исто така што индустриското производство во целина расте, односно има пораст кај повеќе индустриски гранки“, изјави Зоран Ставрески, министер за финансии.
Поради позитивните сигнали власта не се откажува од проектираниот два процентен економски раст, иако Ставрески потврди оти има неизвесност дали ќе се зголемува побарувачката за домашните производи, што зависи од опоравувањето на економиите на европските држави.
Експертската јавност е со став дека е прерано да се тврди оти економијата заздравува, особено по регистрираните падови на индустријата во претходните месеци. Стопанствениците сеуште се жалат дека се борат со дневна ликвидност, со кредити од банките делат плати и плаќаат придонеси, а пари за нови инвестиции нема. Синдикатот веќе најави нови отпуштања наесен.