Пораст на увозот на половни возила, последни денови за Еуро 3

Bez autora
Jun 06 2016

Нецел месец останува до истекот на финалниот рок во кој е дозволен влез во земјава на автомобили со еколошки стандард Еуро 3, произведени од 2001 година. Од стартот на јули ќе биде возможен увоз само на возила со стандардот Еуро 4, односно произведени од 2005 година па наваму. Последните денови сега ги користат оние кои планирале да набават автомобил со Еуро 3 еколошки критериум, но досега не го сториле тоа, бидејќи од почетокот на јули внесувањето автомобили со ова ниско ниво на заштита повеќе нема да биде одобрено. Увозниците на половни автомобили велат дека ова е причина што од стартот на годинава е зголемен увозот на овие коли, а малку е порасната и нивната цена во однос на претходно.

Пораст на увозот на половни возила, последни денови за Еуро 3Нецел месец останува до истекот на финалниот рок во кој е дозволен влез во земјава на автомобили со еколошки стандард Еуро 3, произведени од 2001 година.

Од стартот на јули ќе биде возможен увоз само на возила со стандардот Еуро 4, односно произведени од 2005 година па наваму.

Последните денови сега ги користат оние кои планирале да набават автомобил со Еуро 3 еколошки критериум, но досега не го сториле тоа, бидејќи од почетокот на јули внесувањето автомобили со ова ниско ниво на заштита повеќе нема да биде одобрено.

Увозниците на половни автомобили велат дека ова е причина што од стартот на годинава е зголемен увозот на овие коли, а малку е порасната и нивната цена во однос на претходно.

Во првите четири месеци од годинава во земјава влегле дури 9.500 стари автомобили, покажуваат најновите податоци на Царинската управа на Македонија, наспроти 6.390 вакви коли во истиот период од минатата година. Односно, од јануари заклучно со април годинава имаме пораст на увозот на половни патнички автомобили од дури 48,7 проценти во однос на истиот период лани.

Инаку, само во април годинава, Македонија станала домаќин на 2.559 стари коли, нешто помалку од март, со увезени 2.732 половни патнички автомобили.

А, од стартот на јули ќе биде дозволено внесување само на автомобили со еколошки стандард Еуро 4, што е повисоко ниво на еколошка заштита. Односно, оттогаш нема да смеат да се увезуваат возила произведени пред 2005 година. Од тие причини, цената на возилата со Еуро 3 стандардите на пазарот на половни автомобили сега е малку зголемена, бидејќи набргу ќе бидат забранети, велат сопствениците на плацеви.

Сепак, со оваа мерка која е усвоена од поодамна, оние граѓани кои можеа да си дозволат само постари возила но со драстично пониска цена, веќе ќе немаат таков избор. Но, од друга страна, се очекува дека ограничувањето на увозот на овие возила треба да даде свој придонес за намалување на загаденоста на воздухот.

Сепак, уште кога беше донесена оваа мерка, импортерите на нови автомобили реагираа дека таа е многу задоцнета, бидејќи, како што рекоа, следува откако во земјава се внесоа огромни количини употребувани стари возила, кои се едни од клучните загадувачи на воздухот, особено во зимскиот период од годината.

Инаку, она што е изненадувачки, е дека во последниов период малку се подобрува и продажбата на нови автомобили, иако е таа далеку послаба од онаа што се случуваше во златните времиња од пред повеќе години, а особено пред 2010 година, кога беше либерализиран увозот на половни автомобили.

Па така, во првите четири месеци од годинава во земјава биле увезени вкупно 1.488 нови автомобили, повеќе од 1.208 нови коли набавени во истиот период лани.

Интересно е дека во овој период се забележува и тренд на пораст на увозот на нови автомобили, односно ако во јануари биле набавени само 193 нови коли, во февруари бројката двојно се зголемила, на 384 автомобили, во март таа пораснала на 436, а во април се увезени 475 нови коли. Единствено не е познато дали овие возила ги купуваат граѓани или, пак, се набавуваат за одредени институции.

Мерката да не се дозволи внесување возила со стандардот Еуро 3 следува откако од поодамна беа забранети и уште „позагадувачките“,со стандарди Еуро 1 и Еуро 2.

Не се очекува Владата да одлучи да ја пролонгира оваа мерка, односно да одреди нов дополнителен период во кој и натаму би било дозволено увезување возила со еколошки критериум пониски од Еуро 4.

Инаку, рекордна година по увоз на употребувани патнички автомобили беше 2010, кога беше олеснет увозот на стари коли со законски измени, и кога во земјава влегоа над 51.000 вакви автомобили. Потоа, во 2011, над 34.000, во 2012 речиси 29.000, а во 2013 и 2014 година по околу 30.000 употребувани патнички автомобили. Во 2015 тој увоз малку се намали, на над 23.000, а се очекува да се види како ќе заврши оваа 2016 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik