Горивата поскапат 2, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Бензините поскапуваат 2 денара и со тоа новата цена од ноќеска на полноќ на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 64,5 денари за литар, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 66,5 денари за литар. Дизелот ќе поскапи еден денар, и ќе биде 61 денар за литар. И екстра-лесното масло за домаќинство поскапува 1 денар – 49,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,619 денари за килограм и со тоа новата цена ќе изнесува 32,847 денара за килограм.
Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат 2, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Бензините поскапуваат 2 денара и со тоа новата цена од ноќеска на полноќ на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 64,5 денари за литар, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 66,5 денари за литар.
Дизелот ќе поскапи еден денар, и ќе биде 61 денар за литар.
И екстра-лесното масло за домаќинство поскапува 1 денар – 49,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,619 денари за килограм и со тоа новата цена ќе изнесува 32,847 денара за килограм.