Неколку дена пред истекот на крајниот рок, 30 септември, за регулирање на статусот на возилата со странски таблички во земјава, интересот на граѓаните за нивна легализација е минимален. Во шпедитерските куќи велат дека возила со бугарски регистарски таблички воопшто не се царинат, иако со намалувањето на акцизите една од намерите беше и нивна легализација. Според законот, возилата кои нема да се пререгистрираат ќе мора да ја напуштат земјава, а до нивното следно влегување ќе мора да поминат најмалку 6 месеци. Во Министерството за внатрешни работи велат дека во координација со Царинската управа од први октомври ќе спроведуваат засилени акциски контроли на целата територија. Доколку се утврдат неправилности кај нерегистрирано возило со странски таблички, тогаш се води царинска постапка и се казнува сопственикот на тоа возило. Оттаму објаснуваат дека ако полицијата во редовна сообраќајна контрола запре возило со странски таблички кое не е пререгистрирано, тогаш го пријавуваат во Царинската управа која понатаму ги презема законските мерки.
Неколку дена пред истекот на крајниот рок, 30 септември, за регулирање на статусот на возилата со странски таблички во земјава, интересот на граѓаните за нивна легализација е минимален.
Во шпедитерските куќи велат дека возила со бугарски регистарски таблички воопшто не се царинат, иако со намалувањето на акцизите една од намерите беше и нивна легализација. Според законот, возилата кои нема да се пререгистрираат ќе мора да ја напуштат земјава, а до нивното следно влегување ќе мора да поминат најмалку 6 месеци. Во Министерството за внатрешни работи велат дека во координација со Царинската управа од први октомври ќе спроведуваат засилени акциски контроли на целата територија.
- Доколку се утврдат неправилности кај нерегистрирано возило со странски таблички, тогаш се води царинска постапка и се казнува сопственикот на тоа возило - велат во МВР.
Оттаму објаснуваат дека ако полицијата во редовна сообраќајна контрола запре возило со странски таблички кое не е пререгистрирано, тогаш го пријавуваат во Царинската управа која понатаму ги презема законските мерки. Во Царинската управа објаснуваат дека тие се надлежни бидејќи станува збор за возило со странски таблички и затоа тоа претставува царински прекршок.
Граѓаните, пак, кои имаат вакви возила велат дека засега немаат намера нивните возила да добијат македонски регистерски таблички. Ќе чекаат да видат дали навистина ќе мора да ја напуштат земјава ако возат со таблички од друга држава.
Според податоците од Царинската управа, до крајот на минатиот месец се царинети помалку од 40.000 возила.
Ова е многу мала бројка бидејќи се проценува дека само во градовите во источниот дел на Македонија се возат околу 30.000 автомобили со странски таблички.
Огромната бројка бугарски автомобили во Македонија беше и една од причините за намалување на акцизите за увоз на автомобили од страна на Владата. Според законските одредби, возила со вакви таблички може да се возат до септември годинава.
Во шпедитерските куќи тврдат дека деновиве кај нив речиси и да нема возила со бугарски таблички.
- Цариниме најчесто возила со швајцарски и со германски таблички. Низ цела Струмица се возат бугарски возила, но никој нема намера да ги легализира - едногласни се шпедитерите.
Според нив, има и возила со помината регистрација, а не е мал бројот и на оние кои се на повратници од Северна Америка, за кои нема начин за легализација во земјава, па се возат без никој да ги контролира.
Сопствениците на бугарски автомобили велат дека нема да ги пререгистрираат се' додека давачките не се намалат и не станат реални. Владата пред извесно време значително ги намали давачките за увоз на стари автомобили и ја поедностави постапката за царинење. Акцизата се пресметува врз основа на вредноста на возилото. За возила со помала вредност од 3.000 евра не се плаќа акциза, за возила до 4.000 евра е 0,5 отсто, за автомобили до 5.000 евра е 1 отсто итн.
Со измена на Законот за царинската тарифа, царинската стапка за употребувани возила падна од 10 отсто на 5, а кај за возила произведени во Европска Унија од 2 отсто се намали на 1.
Бугарските возила ќе се царинат без транзитна постапка, односно возилата кои ги управуваат лица со регулиран престој во странство, може да почнат постапка на царинење без транзитна постапка на граничен премин.
- Тоа значи дека може директно да се јават во царинските испостави каде што се спроведува постапката на царинење возила - велат во Царинската управа.