На вчерашната заедничка седница меѓу владите на Република Македонија и Република Бугарија беше потпишан и меморандумот за соработка меѓу бугарската и македонската агенција за инвестиции. Со потпишувањето на овој меморандум двете страни се заложуваат за зајакнување на соработката и преземање конкретни мерки за стимулирање и зголемување на трговската размена и инвестициите. Двете агенции активно ќе соработуваат и на размена на искуства и идеи за привлекување странски инвестиции и подобрување на условите за компаниите. Во претстојниот период претставници на двете агенции ќе изработат акциски план и ќе ги дефинираат приоритетните области и теми за соработка.
На вчерашната заедничка седница меѓу владите на Република Македонија и Република Бугарија беше потпишан и меморандумот за соработка меѓу бугарската и македонската агенција за инвестиции.
Со потпишувањето на овој меморандум двете страни се заложуваат за зајакнување на соработката и преземање конкретни мерки за стимулирање и зголемување на трговската размена и инвестициите.
Двете агенции активно ќе соработуваат и на размена на искуства и идеи за привлекување странски инвестиции и подобрување на условите за компаниите. Во претстојниот период претставници на двете агенции ќе изработат акциски план и ќе ги дефинираат приоритетните области и теми за соработка.
„Република Бугарија е еден од најважните трговски партнери на Македонија и има многу бугарски компании кои се присутни на нашиот пазар, но и македонски што инвестираат таму. Нашата цел е ја зајакнеме соработка и да овозможиме подобри услови за инвестирање и работа на овие компании, како и да отвориме можност за зголемување на инвестициите. Кога ќе ги подобриме инфраструктирата и поврзувањето со Република Бугарија, можностите за ова значително ќе се зголемат, а ние треба да бидеме подготвени за поддршка на компаниите и претприемачите што имаат интерес за инвестирање и бизнис“, истакна Дарио Николовски, директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.