Потврден стабилниот кредитен рејтинг на Македонија

Bez autora
Nov 02 2014

Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и Пурс (Standard & Poor’s) ја потврди претходно доделената оценка за кредитниот рејтинг на Република Македонија за странска и домашна валута ББ-, истовремено потврдувајќи го стабилниот изглед на земјата. Потврдениот кредитен рејтинг се заснова на умереното ниво на јавен и надворешен долг, како и на позитивните очекувања за просечен раст на економијата од околу 3,4% од БДП, што се темели врз основа на стабилните приливи од странските директни инвестиции. Стабилниот кредитен рејтинг на Македонија е значаен сигнал за странските инвеститори и влијае позитивно на атрактивноста на земјата на меѓународниот пазар на капитал па значи и пониски каматни стапки, како и на вкупниот економски и политички имиџ на државата, се вели во соопштението на македонското министерство за финансии.

Потврден стабилниот кредитен рејтинг на МакедонијаАгенцијата за кредитен рејтинг Стандард и Пурс (Standard & Poor’s) ја потврди претходно доделената оценка за кредитниот рејтинг на Република Македонија за странска и домашна валута ББ-, истовремено потврдувајќи го стабилниот изглед на земјата.

Потврдениот кредитен рејтинг се заснова на умереното ниво на јавен и надворешен долг, како и на позитивните очекувања за просечен раст на економијата од околу 3,4% од БДП, што се темели врз основа на стабилните приливи од странските директни инвестиции.

Стабилниот кредитен рејтинг на Македонија е значаен сигнал за странските инвеститори и влијае позитивно на атрактивноста на земјата на меѓународниот пазар на капитал па значи и пониски каматни стапки, како и на вкупниот економски и политички имиџ на државата, се вели во соопштението на македонското министерство за финансии.

Дополнително, потврдата на кредитниот рејтинг е уште еден силен сигнал кон странските инвеститори дека Македонија е земја во која може да имаат доверба и во која може да сметаат дека и во иднина ќе има здрави економски политики.

Стандард и Пурс годинава го намали кредитниот рејтинг на повеќе земји како Русија, Турција, Хрватска, Србија,  Словенија и Бугарија, оттука потврдата на кредитниот рејтинг на Македонија е уште една потврда за добрите економски политики кои се практикуваат во државата, с евели во соопштението.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik