„Повардарие“ пред стечај, лозарите најавија протест

Bez autora
Dec 28 2016

Лозарите од Тиквешко најавија дека утре ќе протестираат пред судот во Велес за време на судското рочиште на кое ќе се бара винарската визба „Повардарие“ од Неготино да оди во стечај. Лозарите се против стечај затоа што ќе останат без парите за предаденото грозје од годинешната берба, вели Љупчо Аризанов, претседателот на Здружението на лозарите. „Повардарие“ годинава откупи грозје од околу седум илјади лозари кои стравуваат дека ќе ги изгубат парите што им ги должи винарската визба ако таа оди во стечај. Тие велат дека нема да дозволат винарницата да оди во стечај и дека ќе ги блокираат сите институции. Стечајната постапка е поведена од еден од доверителите на винарницата. „Повардарие“ го оспорува овој долг.

„Повардарие“ пред стечај, лозарите најавија протестЛозарите од Тиквешко најавија дека утре ќе протестираат пред судот во Велес за време на судското рочиште на кое ќе се бара винарската визба „Повардарие“ од Неготино да оди во стечај. Лозарите се против стечај затоа што ќе останат без парите за предаденото грозје од годинешната берба, вели Љупчо Аризанов, претседателот на Здружението на лозарите.

„Повардарие“ годинава откупи грозје од околу седум илјади лозари кои стравуваат дека ќе ги изгубат парите што им ги должи винарската визба ако таа оди во стечај. Тие велат дека нема да дозволат винарницата да оди во стечај и дека ќе ги блокираат сите институции.

Стечајната постапка е поведена од еден од доверителите на винарницата. „Повардарие“ го оспорува овој долг.

Годинава „Повардарие“ место предвидените 15, откупи 31 милион килограми грозје. Се проценува дека вкупниот долг на „Повардарие“, заедно со неплатениот откуп од лани е околу шест милиони евра. На лозарите им се исплатени само 20 отсто од долгот и заостанатите пари ги очекуваат до Нова година.

Неодамна винарската визба информираше дека тие се единствената винарница во државата која широко ги отвори вратите за откуп по повикот од Владата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik