Повеќе фирми во битка за „Злетово“ и „Тораница“

Bez autora
Mar 14 2016

Утре, по пат на електронска аукција, ќе биде спроведен процесот на доделување концесија за експлоатација на минералните суровини на просторот на кој работат рудниците за олово и цинк „Злетово“ и „Тораница“. Се работи за два стратешки рударски капацитет во нашата држава, кои се надвор од производна функција околу половина година, односно од крајот на месец септември 2015 година. Дали со тоа ќе се стави крај на маките на околу илјада рударски семејства од Пробиштип и Крива Паланка, засега е тешко да се прогнозира. Концесијата ќе биде доделена на оној кој ќе ја даде најповолната понуда, а заинтересирани фирми, според нашите информации, има повеќе. Но, со тоа нема да биде ставен крај на неспокојот на илјада рударски семејства, кои, според законот, последната стечајна плата ќе ја добијат за месец април, а потоа - што ќе им даде судбината.

Повеќе фирми во битка за „Злетово“ и „Тораница“Утре, по пат на електронска аукција, ќе биде спроведен процесот на доделување концесија за експлоатација на минералните суровини на просторот на кој работат рудниците за олово и цинк „Злетово“ и „Тораница“.

Се работи за два стратешки рударски капацитет во нашата држава, кои се надвор од производна функција околу половина година, односно од крајот на месец септември 2015 година. Дали со тоа ќе се стави крај на маките на околу илјада рударски семејства од Пробиштип и Крива Паланка, засега е тешко да се прогнозира.

Концесијата ќе биде доделена на оној кој ќе ја даде најповолната понуда, а заинтересирани фирми, според нашите информации, има повеќе. Но, со тоа нема да биде ставен крај на неспокојот на илјада рударски семејства, кои, според законот, последната стечајна плата ќе ја добијат за месец април, а потоа - што ќе им даде судбината.

Имено, колку што е значајно кој ќе ја добие концесијата за овие рудници, исто така е значајно да се види како ќе се разреши состојбата со продажбата на имотот на стечајниот должник „Индоминерали и метали“, кој до пред шест месеци ги поседуваше „Злетово“ и „Тораница“, и како и со кој износ ќе се надоместат побарувањата кои ги имаат многубројните доверители.

На 26 минатиот месец, Собранието на доверители имаше можност да го затвори ова суптилно прашање бидејќи се појави компанија која настапи со иницијатива за реорганизација како една од двете можности според Законот за стечај.

Компанијата зад која стои меѓународен инвестициски фонд , и која има регистрирано фирма во Македонија, излезе со иницијатива да изготви план за реорганизација со обврска во едно договорено време да ги намири сите обврски кон доверителите и во оптимален временски рок да ги активира рудниците.

Таа иницијатива не беше прифатена, а се одлучи рудниците да одат во ликвидација и преку една таква законска можност да се бара конечно решение за „Злетово“ и за „Тораница“.

Но, во меѓувреме никој не мирува, а битката околу двата рудника се разгорува. Претседател на Синдикатот на рударите и металците (СИЕР), Пеце Ристевски, смета дека работниците во целата постапка не успеале да го кажат својот став дали се за ликвидација или за реорганизација.

„Како правни застапници на работниците се појавија двајца адвокати од Штип и од Свети Николе, а нив работниците ниту ги виделе ниту им дале полномоштва да бидат застапувани, што значи дека тие и не можеле да ги кажат своите ставови дали се за ликвидација или за реорганизација. Бидејќи адвокатите биле ангажирани од стечајната управничка, тоа наведува на сомнеж “, вели првиот човек на синдикатот на рударите и металците во Македонија.

На овие обвинувања побаравме став од стечајната судијка и стечајната управничка, но од судот ни беше речено дека стечајната постапка се води според Законот за стечај, постапката била итна бидејќи основно начело на стечајот била итноста, и дека таа докрај ќе се спроведе во согласност со законската регулатива.

Според нашите информации, до овој момент двата рудника биле разгледувани од експерти по рударство од неколку познати светски компании кои инвестираат во рудници. Меѓу нив е „Орион мајн фајненс“, меѓународен финансиски фонд, кој од неодамна е нов инвеститор во рудникот „Саса“. Се работи за познат фонд, кој инвестира во повеќе рудници низ светот.

Во друштвото на заинтересираните се и ЗГБ „Борислав“ од Полска, швајцарската компанија „Минеко“, чиј претставник деновиве во повеќе македонските медиуми се пофали со успехот на рудниците кои ги имале во државите на Балканот, меѓу заинтересираните е и бугарската „Мултигруп“ за која постојано се врзува зборот „контроверзна“, а која ја поседува топилницата КЦМ во Бугарија, но и фирма која се претставувала како дел од светски познатиот гигант „Гленкор“, но која подоцна сама се коригирала со укажување дека имала искуство само во ископување јаглен во Црна Гора.

Рударски експерти оценуваат дека за рестартирање на двата рудника ќе бидат неопходни најмалку 20 милиони долари, а долгот кон доверителите е утврден на десет милиони долари.

Јамите во „Злетово“ се полни со вода поради обилните врнежи

Во меѓувреме, состојбата во пробиштипскиот рудник „Злетово“ станува критична поради обилните врнежи кои го зафатија овој регион. Јамите на рудникот се полни со вода, рудното тело се растресува, се прават брани во самите јами, а и бројот на одржувачи на јамските простори е зголемен од 15 на 30 лица по смена, односно во текот на 24 часа за безбедноста на јамите се грижи екипа од 60 луѓе.

Од службата за спасување од Кочани е позајмена пумпа за исфрлање на водата, но стравот од поголема хаварија на јамските простори станува се' поголем зашто се најавуваат нови поинтензивни врнежи со кои, ако ги има, постојната екипа тешко ќе може да се справи на квалитетен начин. А ако не се реагира навреме, тогаш ќе настанат големи проблеми и ќе треба многу време за рудникот да се доведе во работна состојба.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik