Од Европската инвестициона банка досега се одобрени 208 проекти со вкупна пресметковна вредност од 113,6 милиони евра, соопшти Македонската банка за поддршка и развој. Петта последна транша повлечена од кредитната линија на ЕИБ е во износ од 9,6 милиони евра, со тоа вкупниот износ на повлечени средства од оваа кредитна линија се зголеми на 46 милиони евра. Од одобрените средства 75 отсто од кредитите се за инвестиции, додека останатите 25 отсто се за трајни обртни средства. Oдобрените кредити најмногу се наменети за прехранбената индустрија, градежништвото, производство на мебел, текстилната индустрија. МБПР веќе има добиено барања во вредност кој го надминува минимумот од три милиони евра и во таа насока се прават подготовки за повлекување на нова шеста транша. Тој додаде дека по случаен избор МБПР прави контрола на користењето на средствата од ЕИБ при што досега не биле констатирани отстапувања во тоа како фирмите ги користат одобрените средства.
Од Европската инвестициона банка досега се одобрени 208 проекти со вкупна пресметковна вредност од 113,6 милиони евра, соопшти Македонската банка за поддршка и развој.
„Петта последна транша повлечена од кредитната линија на ЕИБ е во износ од 9,6 милиони евра, со тоа вкупниот износ на повлечени средства од оваа кредитна линија се зголеми на 46 милиони евра“, изјави за Макфакс, Александар Станојковски, директор на секторот за кредитирање и гаранции.
Од одобрените средства 75 отсто од кредитите се за инвестиции, додека останатите 25 отсто се за трајни обртни средства.
Станојковски изјави дека одобрените кредити најмногу се наменети за прехранбената индустрија, градежништвото, производство на мебел, текстилната индустрија.
„МБПР веќе има добиено барања во вредност кој го надминува минимумот од три милиони евра и во таа насока се прават подготовки за повлекување на нова шеста транша“, рече Станојковски.
Тој додаде дека по случаен избор МБПР прави контрола на користењето на средствата од ЕИБ при што досега не биле констатирани отстапувања во тоа како фирмите ги користат одобрените средства.