Поврзувањето на фискалните со УЈП се одложува за три месеци

Bez autora
Jul 03 2014

Трговците добиваат дополнителен рок од три месеци за да ја инсталираат опремата со која фискалните каси ќе ги поврзат со Управата за јавни приходи (УЈП). Роковите за имплементирање на интегрираниот автоматски систем на управување се пролонгираат со измени и дополнувања на Законот за регистрирање на готовински плаќања, кои се веќе во Собранието. Со овие најнови измени не се чепка во законската обврска за издавање на таканаречените патриотски фискални сметки на кои треба да бидат испечатени логото, знакот и пораките за поттикнување на купувањето на македонски производи. Исто така, останува и обврската на сметката посебно да се евидентира прометот со производи од македонско потекло, како и данокот платен за нив.

Поврзувањето на фискалните со УЈП се одложува за три месециТрговците добиваат дополнителен рок од три месеци за да ја инсталираат опремата со која фискалните каси ќе ги поврзат со Управата за јавни приходи (УЈП). Роковите за имплементирање на интегрираниот автоматски систем на управување се пролонгираат со измени и дополнувања на Законот за регистрирање на готовински плаќања, кои се веќе во Собранието.

Со овие најнови измени не се чепка во законската обврска за издавање на таканаречените патриотски фискални сметки на кои треба да бидат испечатени логото, знакот и пораките за поттикнување на купувањето на македонски производи. Исто така, останува и обврската на сметката посебно да се евидентира прометот со производи од македонско потекло, како и данокот платен за нив.

Со новите решенија даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10 милиони денари, угостителите и бензинските пумпи интегрираниот автоматски систем на управување треба да го имплементираат до 31 октомври годинава, наместо до крајот на овој месец. За сите други даночни обврзници крајниот рок 31 октомври годинава се поместува до 31 јануари 2015 година. Обврската и за едните и за другите тече од 1 мај годинава.

- Имплементирањето на интегрираниот автоматски систем на управување е веќе стапено во сила, но крајните рокови се продолжуваат. Продолжувањето на роковите се врши од причина што се овозможува подолг период на производителите на фискалните системи на опрема, во кој истите ќе можат да развијат поголем број на различни фискални системи кои треба да ги задоволат потребите на пазарот. Со зголемувањето на понудата се очекува и намалување на цената на фискалните системи на опрема - се наведува во образложението на Законот што се менува.

Заради заштеди, се предвидува и наместо еднаш годишно, замената на крипто картата од крипто модулот да се врши на три години. Со измените читачот на платежни картички кој го обезбедуваат банките не мора да биде дел од фискалната апаратура.

Трговците, пак добиваат обврска да обезбедат постојана комуникација со серверот на Управата за јавни приходи преку мрежата на мобилните оператори. Уште една можност за заштеда имаат преку одредбата со која производителите треба еднаш годишно бесплатно да им ја проверуваат фискалната опрема.

Прецизни обврски, но и строги казни за непридржување кон нив се одредуваат за производителите на фискалните системи на опрема. Меѓу другото, тие ќе треба да обезбедуваат резервни делови и сервис уште 10 години откако ќе престанат со производството на одреден апарат и опрема. За да можат да се јават на пазарот со своите производи, прво ќе мораат да обезбедат високи парични гаранции.

Даночните обврзници, како и производителите на опремата ќе плаќаат повисоки парични казни за прекршување на законот од претходно пропишаните. Така, глоба од 2.000 евра во денарска противвредност ќе плаќаат обврзниците кои нема да обезбедат постојана комуникација со серверот на Управата за јавни приходи преку мобилните оператори. Глоби во износ од 5.000 евра во денарска противвредност се предвидени за производителите на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, кога нема да се придржуваат на пропишаните услови.

Преку интегрираниот автоматски систем за управување трговците ќе имаат постојана електронска комуникација со Управата за јавни приходи и автоматски ќе и пренесуваат дневен финансиски извештај. Со неговото воведување треба да се подобри финансиската дисциплина на трговски субјекти, а со воведувањето на патриотските фискални сметки треба да се зголеми продажбата на домашни производи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik