По повеќе од два месеци блокада, повторно е воспоставен железничкиот товарен сообраќај меѓу Скопје и Солун. Линијата беше во целосен прекин околу 70 дена поради тоа што пругата на Коридорот 10 беше блокирана од мигрантите кај Идомени во Грција. Блокадата, директно и индиректно, предизвика огромни штети на стопанствениците во Македонија, а и пошироко. Со блокирањето на пругата престана превозот на стока наменет за Македонија, но истовремено и стопанствениците од Македонија не можеа своите готови производи да ги достават до своите комитенти на светските пазари.
По повеќе од два месеци блокада, повторно е воспоставен железничкиот товарен сообраќај меѓу Скопје и Солун.
Линијата беше во целосен прекин околу 70 дена поради тоа што пругата на Коридорот 10 беше блокирана од мигрантите кај Идомени во Грција.
„Блокадата, директно и индиректно, предизвика огромни штети на стопанствениците во Македонија, а и пошироко. Со блокирањето на пругата престана превозот на стока наменет за Македонија, но истовремено и стопанствениците од Македонија не можеа своите готови производи да ги достават до своите комитенти на светските пазари“, се вели во соопштение од „Македонски железници – Транспорт“.
Оттаму посочуваат дека блокадата негативно се одразила и на финансиската состојба на „МЖ Транспорт“ АД – Скопје, бидејќи компанијата не била во состојба да ги реализира договорените превози од и за Солун, како и транзитот низ пругите на „Македонски железници“.