Преполовено производството на металурзите

Bez autora
Mar 08 2016

Производството во најголемите металуршки капацитети во земјава е преполовено, предупредија вчера од Здружението на металурзи при Стопанската комора на Македонија. Неповолните состојби во оваа индустриска гранка се присутни подолго време. Од 2008 година ниту еден комбинат не работи со полн капацитет, нема континуитет во производството и во пласманот, порачките се нередовни, а учеството на извозот се намалува. Од крајот на минатата година е уште полошо, пред се' поради турбуленциите на глобалниот пазар, но и поради системски недоследности во домашната економија. За да се надминат тешките времиња, неопходна е поддршка од државата, како привремено ослободување на компаниите од ДДВ и од други финансиски обврски, укажаа металурзите.

Преполовено производството на металурзитеПроизводството во најголемите металуршки капацитети во земјава е преполовено, предупредија вчера од Здружението на металурзи при Стопанската комора на Македонија.

Неповолните состојби во оваа индустриска гранка се присутни подолго време. Од 2008 година ниту еден комбинат не работи со полн капацитет, нема континуитет во производството и во пласманот, порачките се нередовни, а учеството на извозот се намалува.

Од крајот на минатата година е уште полошо, пред се' поради турбуленциите на глобалниот пазар, но и поради системски недоследности во домашната економија. За да се надминат тешките времиња, неопходна е поддршка од државата, како привремено ослободување на компаниите од ДДВ и од други финансиски обврски, укажаа металурзите.

„’Фени индустри‘, кој е најголем производител на основни метали и најголем нето-извозник во државата, работи со 50 отсто од капацитетот, поради намалената берзанска цена на никелот, ’Југохром фероалоис‘, по двомесечен застој, од 1 март вклучи две од седумте печки, односно работи со 30 отсто од можностите. Во ’Бучим‘ поради природата на работата не е можно да се намали производството, па во последниот квартал лани работеа со однапред пресметана загуба.

’Макстил‘ веќе трета година по ред работи со преполовен капацитет во Валалницата и уште пониско производство на сопствен челичен полуфабрикат во Челичарницата. Во ’Арцелор-Митал‘ состојбите се помалку драматични, но и од таму очекуваат влошување во наредниот период“, истакна претседателот на Здружението, Митко Кочовски, додавајќи дека помало производство има и кај леарниците.

„Во многу земји ваквите вонредни состојби се анализираат од надлежните институции кои предлагаат мерки барем додека не се надминат проблемите“, рече Кочовски. Малата искористеност на капацитетите повлекува високи производствени трошоци, а кампањското производство е погубно, но засега нема отпуштање на работниците.

Металурзите се пожалија на дополнителниот трошок за т.н. зелена енергија, која ја зголемува цената на струјата, потоа се плаќа акциза за користење на петрол-коксот, а железничкиот транспорт е поскап за четири евра по тон од камионскиот. Истовремено, еколошките регулативи бараат од компаниите да вложуваат значајни средства за да ги задоволат стандардите и да добијат еколошка дозвола.

Поради ваквите состојби, а имајќи го предвид влијанието и дополнителните ефекти на индустријата за основни метали во националната економија, од Здружението побараа Владата да преземе системски мерки кои ќе и' овозможат на металургијата рамноправни услови за развој, како и интервентни мерки за да се ублажат акутните проблеми.

Професорот Свето Цветковски нагласи дека повеќе земји во светот, како на пример Кина, Индија, Австралија итн., имаат добри решенија за поддршка на челичната индустрија.

„Некои од нив добивајќи поддршка за работа, го складираат производството и кога цената на светскиот пазар ќе се зголеми, тогаш го пласираат“, рече Цветковски, додавајќи дека годинава за металурзите ќе биде малку подобра од лани, додека подобри услови очекува в година.

За проблемите во овој сектор, но и за користењето научни истражувања, кои се во функција на унапредување на индустријата на основни метали ќе стане збор на претстојниот 7. Меѓународен конгрес на металурзи, кој ќе се одржи во Охрид, од 9 до 12 јуни годинава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik