Претприемаштвото може да помогне да се намали невработеноста кај младите, каде што тоа е и најизразено. Затоа, како предмет треба да се изучува во сите степени на образование, од основното, до средното образование и на факултетите. Добрите идеи, иновативноста и нивното преточување во бизнис проекти треба да се биде поддржано од државата. Ова се некои од поентите на денешната трибина што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите на тема „Претприемачкото образование во Република Македонија – проблеми и предизвици“, во организација на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ и Центарот за развој на иновации и претприемачко учење.
Претприемаштвото може да помогне да се намали невработеноста кај младите, каде што тоа е и најизразено. Затоа, како предмет треба да се изучува во сите степени на образование, од основното, до средното образование и на факултетите. Добрите идеи, иновативноста и нивното преточување во бизнис проекти треба да се биде поддржано од државата.
Ова се некои од поентите на денешната трибина што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите на тема „Претприемачкото образование во Република Македонија – проблеми и предизвици“, во организација на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ и Центарот за развој на иновации и претприемачко учење.
„Претприемачкото образование треба да биде вклучено во целиот систем на образование, од основното до универзитетите бидејќи тоа го изразува духот на новото време. Образованието во целина, науката, технолошкиот и иновацискиот развој треба да биде најзначајниот проект за идниот развој на нашата земја“, истакна академик Владо Камбовски, кој е раководител на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ.
Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити истакна дека за триесетина години бројот на фирми во Македонија од околу 1.400 се зголемил на 70.000, колку што сега се активни. Од нив, 90 отсто се микро претпријатија, околу седум отсто се средни и само 0,3 отсто (или 230), се големи компании.
„Во почетокот кај нас стануваше збор за таканаречено спонтано птретприемаштво кое што се јави како реакција на загрозеноста поради социјалната положба и состојбите во економијата“, рече академик Фити. Тој истакна дека во почетоците на транзицијата, кога невработеноста се зголеми од 23 на 30 отсто и повеќе, новоотворените фирми главно беа во областа на трговијата, а подоцна почнаа да се отвораат и фирми во преработувачката индустрија, градежништвото, а потоа и во областа на финансиите, образованието и консултанските дејности, што позитивно ја смени структурата. Тој смета дека проблемите кај нашите фирми се главно во доменот на иновативноста. Академик Фити советува предавањата за претприемаштвото, особено кај најмладите, да биде што поедноставно, низ вежби, игри и забава.
Дописниот член на МАНУ и универзитетски професор Изет Зеќири, зборуваше за поттикнувањето на претприемачкиот дух и неговото влијание врз вработеноста.
„Ние како држава и како образовни институции имаме потреба за учење на претприемаштвото, бидејќи тоа овозможува креирање на претприемачки дух, на претприемачки начин на размислување, иновативно размислување, на креативност, преземање на ризици и отвореност кон промени. Тоа придонесува за намалување на невработеноста меѓу младите, преку отворање нови работни места, како и за намалување на сиромаштијата, за социјална вклученост, зголемување на економскиот раст што е предуслов за зголемување на животниот стандард и подобар квалитет на животот“, изтакна Зеќири.
Тој во својата презентација рече дека иако во Македонија се фалиме со намалување на невработеноста, статистичките податоци го покажуваат спротивното, особено кај младата популација. Според анализата на Зеќири, за 2015 и 2016 година, од вкупниот број невработени, млади од 15 до 24 години биле 17,6 отсто, а во 2016 тој процент се зголемил на 18,4 отсто. Уште поизразено е кај возрасната група од 25 до 49 години, 62,6 отсто во 2015 и 63,8 отсто во 2016 година. Во однос на образовната структура, пак, невработени со средно образование има околу 57,7 отсто, со високо околу 20,3 отсто.
„Поентата е дека претприемачкото образование може да ја подобри оваа слика и да имаме повеќе вработени со високо образование“, вели Зеќири.
На трибината стана збор и за поддршката на иновативноста и на претприемаштвото преку Фондот за иновации и технолошки развој преку кој во досегашните јавни повици поддршка добиле 37 проекти, со 1,5 милиони евра. Од нив 20 проекти се завршени и нивните производи се на пазарот.