Прилеп станува привлечна мета за странски и домашни инвеститори

Bez autora
Jul 11 2017

Од град со затворени фабрики, илјадници невработени кои беа оставени на улица, уништена економија и болна транзиција, денес Прилеп е град каде инвеститорите наоѓаат привлечно место за развој на своите бизниси. За првпат во историјата на своето постоење Прилеп во 2016 година доби Технолошко-индустриска развојна зона – ТИРЗ Прилеп. Изградбата на зоната беше инвестиција на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони и Владата на РМ, тешка 147.600.000 денари, со што се изградија асфалтни улици, се постави водоводна и канализациска мрежа, се донесе електрична енергија, оптички кабли за интернет и сè она што е потребно за нормално функционирање на зоната.

Прилеп станува привлечна мета за странски и домашни инвеститориОд град со затворени фабрики, илјадници невработени кои беа оставени на улица, уништена економија и болна транзиција, денес Прилеп е град каде инвеститорите наоѓаат привлечно место за развој на своите бизниси.

За првпат во историјата на своето постоење Прилеп во 2016 година доби Технолошко-индустриска развојна зона – ТИРЗ Прилеп. Изградбата на зоната беше инвестиција на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони и Владата на РМ, тешка 147.600.000 денари, со што се изградија асфалтни улици, се постави водоводна и канализациска мрежа, се донесе електрична енергија, оптички кабли за интернет и сè она што е потребно за нормално функционирање на зоната.

Поради добрата локација и предностите што ги нуди зоната, таму веќе работи мултинационалната компанија, американскиот гигант во автомобилската индустрија „Гентерм“, инвестиција од 20 милиони евра и каде во моментов работат над 1.000 работници. Со отворањето на уште 2 нови хали, кои ги планира компанијата, тенденцијата е тука да бидат вработени околу 2.000 луѓе. „Гентерм“ произведува делови за најпознатите светски брендови на автомобили.

Во 2016 во ТИРЗ Прилеп се изгради и објектот на германската компанија „Акомпласт“ која веќе почна со работа. Вкупната инвестиција изнесува 3 милиони евра. Во оваа фабрика треба да се вработат околу 250 лица. Исто и „Акомпласт“ планира да гради уште 2 нови хали.

Третиот странски инвеститор кој најави влез во ТИРЗ Прилеп е германскиот гигант ВИК и кој наскоро ќе постави камен темелник на својот објект. Во првата година би се вработиле 400 лица, со тенденција во период од 2 години таа бројка да се искачи на 1.000. Тоа ќе биде првата еколошка или „зелена фабрика“ во Македонија, прва од ваков вид во земјава. Капацитетот ќе се простира на 10.000 м2, а почетната инвестиција ќе изнесува околу 12 милиони евра.

Во Прилеп освен ТИРЗ-от се започна со изградба и на нови индустриски зони и комплекси, каде главни инвеститори се домашните компании. Во моментов изграден е поголем дел од инфраструктурата во Индустриската зона Прилеп 1 со средства обезбедени од буџетот на локалната самоуправа во висина од 27 милиони денари, како и гранд од Светска банка во висина од 124 илјади евра. Во оваа зона претходно беа продадени 21 локација. Во зоната моментално со работа се започнати две компании, а уште десетина се во изградба. Оваа зона во иднина се очекува да обезбеди над 1.500 вработувања.

Локалната самоуправа изработи и нов ДУП за Индустриската зона Прилеп 2 каде од 12 локации предвидени за продажба, досега се продадени 5, а моментално во тек е објавата за продажба на уште 4 локации кои се наменети за лесна и незагадувачка индустрија, производство, стоваришта и магацини. Почетната цена е 61 денар за метар квадратен, а наддавањето ќе се врши чекорно со 100 денари минимум за метар квадратен. Комплетно целиот процес на јавно наддавање и аплицирање е електронски. Рокот за аплицирање е до 24 јули до 12 часот, додека, пак, јавната аукција ќе се одржи на 26 јули, со почеток во 12 часот.

Од секторот за урбaнизам комунални работи и заштита на животната средина истакнуваат дека преку своите одделенија ќе продолжат со донесување урбанистичко планска документација за формирање индустриски зони со цел да се задоволи интересот на приватниците, стопанствениците, малите, средни и големи индустриски капацитети, со понуда на градежни парцели каде би поставиле свои нови објекти или прошириле своите дејности.

Во наредниот период ќе се продолжи со детални разработки на ИЗ на патот за Македонски Брод на патот за Крушево и на стариот пат за Битола каде што исто така е присутен сè поголем интерес за поставување на ваков вид објекти.

Сите овие инвестиции како и мерките од АВРМ и Владата придонесоа во периодот од 2005 до 2017 година во Прилеп да се случи рекордно намалување на невработеноста. Во 2005 година биле регистрирани 25.033 невработени лица, а во 2017 се регистрирани 13.835 невработени лица, што значи невработеноста за периодот од 2005 до 2017 година е намалена за 11.198 лица.

Дополнителен мотив за влез на нови странски и домашни инвеститори ќе биде изградбата на гасоводот Неготино – Прилеп и експресниот пат Прилеп – Градско преку Плетвар, инвестиции со кои ќе се зголеми конкурентноста не само на Прилеп туку и на целиот пелагониски регион.

Должината, пак, на експресниот пат Прилеп-Градско ќе изнесува 33,5 км. Проценетата вредност на буџетот за инвестицијата изнесува 80,7 милиони евра. Предвидениот рок за изградба е 2016 – 2019 година, а изградбата на патот е поделена во три фази. Моментално се гради втората фаза од овој пат во должина од 10 км, која се протега од селото Фариш до Дреновската Клисура, делница која чини околу 31,4 милиони евра, се вели, меѓу другото, во соопштението на прилепската општина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik