Приносите од бербата на доцни есенски култури на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце изнесуваат околу 13.607 тони, покажуваат процените од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансво. Со доцни земјоделски култури била опфатена вкупна површина од 1.770 хектари, од која најголем процент ја обработувале индивидуалните земјоделци, кои вкупно оствариле приходи од 13.372 тони, додека 235 тони се приноси од земјоделските претпријатија. Најмногу приноси се остварени од компир и изнесуваат повеќе од 7.875 тони, а просечниот остварен принос по хектар е 10.500 килограми.
Приносите од бербата на доцни есенски култури на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце изнесуваат околу 13.607 тони, покажуваат процените од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансво.
Со доцни земјоделски култури била опфатена вкупна површина од 1.770 хектари, од која најголем процент ја обработувале индивидуалните земјоделци, кои вкупно оствариле приходи од 13.372 тони, додека 235 тони се приноси од земјоделските претпријатија.
Најмногу приноси се остварени од компир и изнесуваат повеќе од 7.875 тони, а просечниот остварен принос по хектар е 10.500 килограми. Приносите од пченка изнесуваат 2.205 тони, од зелка и кељ 1.170 тони, од пипер 840, од домат се 300 тони, од грав 210 тони, од краставица 180 и од кромид 120. Најмали се приносите од грашок од кој биле произведени само 12 тони. Остварени се и вкупни приноси 340 тони луцерка и 140 тони детелина.