Цената на гасот е директно зависна од цената на светските пазари, но и од цената на нафтата на светските пазари и ако поскапи таа ќе поскапи и гасот. Во моментов актуелната ситуација во Украина исто така влијае на цената на овој енергенс, но експертите очекуваат дека таа ќе се надмине до почетокот на грејната сезона и ќе се најде компромис на релација ЕУ - Русија - Украина. Деновиве од руски Газпром информираа дека испораките на рускиот гас за потрошувачите во Европа се стабилни и покрај ценовниот спор меѓу Москва и Киев. Според нив, транзитот преку територијата на Украина тече според договорените параметри, а во изминатите 24 часа се транспортирани 205 милиони кубни метри.
Цената на гасот е директно зависна од цената на светските пазари, но и од цената на нафтата на светските пазари и ако поскапи таа ќе поскапи и гасот. Во моментов актуелната ситуација во Украина исто така влијае на цената на овој енергенс, но експертите очекуваат дека таа ќе се надмине до почетокот на грејната сезона и ќе се најде компромис на релација ЕУ - Русија - Украина.
Деновиве од руски Газпром информираа дека испораките на рускиот гас за потрошувачите во Европа се стабилни и покрај ценовниот спор меѓу Москва и Киев.
Според нив, транзитот преку територијата на Украина тече според договорените параметри, а во изминатите 24 часа се транспортирани 205 милиони кубни метри.
И Македонија не е исклучок од светските движења на енергенсите, затоа гасот и нафтата овој месец регистрираат благ раст. На барање на скопската компанија, инаку најголем увозник на гас во земјава МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС" ДООЕЛ, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија деновиве им одобри зголемување на цената на природниот гас за месец јуни за 3,58 %. Со тоа цената на гасот изнесува 29,8166 денари за нормални метри кубни гас (ден/нм3), а претходниот месец таа изнесуваше 28,7854 ден/нм3.
Од компанијата како причина за растот на цената ја наведуваат промената на курсот на американскиот долар, како и промената на зависните трошоци.
Од компанијата велат дека согласно одредбите од купопродажниот договор кој Макпетрол АД-Скопје го има склучено со "Газпром експорт" - Москва, набавната цена на природниот гас во вториот квартал од 2014 година изнесува 472,80 УСА$/1.000 нм3, која споредена со набавната цена на природниот гас во првиот квартал од 2014 година од 466,50 УСА$/1000 нм3 е повисока за 1,3505 %.
Според нив во јуни годинава ќе бидат испорачани 1.787.842 нм3 природен гас.
Во соседството во Србија гасот исто така регистрира раст на цените.Од овие причини Србија-гас компанијата која стопанисува со овој енергенс интензивно ги полни складиштата што се лоцирани во Банатски двор. Нивниот капацитет е два до три месеци да ги покријат потребите на српските потрошувачи во случај да се предизвика гасна криза и затварање на вентилот.