Пристигнати апликации од 603 превозници

Bez autora
Oct 20 2011

До 15 октомври 2011 година до Министерството за транспорт и врски пристигнати се апликации од вкупно 603 компании за добивање на меѓународни транспортни дозволи за 2012 година. За добивање на ЦЕМТ-дозволи аплицирале 392 компании, а 194 само за поединечни дозволи за јавен превоз. Седумнаесет компании доставиле барање само за поединечни дозволи за сопствен превоз. Инаку, на македонските превозници за наредната година на располагање им се 1.188 годишни ЦЕМТ-дозволи од кои 1.100 годишни ЦЕМТ-ови за возила со категорија "Еуро 5" и 88 годишни ЦЕМТ-дозволи за возила со "Еуро 4" стандард. Во распределбата за следната година, првенствена можност за аплицирање за годишни ЦЕМТ-дозволи имаа возилата со највисока категорија, а тоа се со "Еуро 4" и "Еуро 5" стандарди. Во електронската база на Министерството за транспорт и врски се евидентирани 1.378 возила со категорија "Еуро 5" и 134 возила со категорија "Еуро 4" кои аплицираат за 1.188 годишни ЦЕМТ-дозволи.

Пристигнати апликации од 603 превознициДо 15 октомври 2011 година до Министерството за транспорт и врски пристигнати се апликации од вкупно 603 компании за добивање на меѓународни транспортни дозволи за 2012 година.

За добивање на ЦЕМТ-дозволи аплицирале 392 компании, а 194 само за поединечни дозволи за јавен превоз. Седумнаесет компании доставиле барање само за поединечни дозволи за сопствен превоз.

Инаку, на македонските превозници за наредната година на располагање им се 1.188 годишни ЦЕМТ-дозволи од кои 1.100 годишни ЦЕМТ-ови за возила со категорија "Еуро 5" и 88 годишни ЦЕМТ-дозволи за возила со "Еуро 4" стандард.

- Во распределбата за следната година, првенствена можност за аплицирање за годишни ЦЕМТ-дозволи имаа возилата со највисока категорија, а тоа се со "Еуро 4" и "Еуро 5" стандарди - информира Министерство за транспорт и врски.

Во електронската база на Министерството за транспорт и врски се евидентирани 1.378 возила со категорија "Еуро 5" и 134 возила со категорија "Еуро 4" кои аплицираат за 1.188 годишни ЦЕМТ-дозволи.

- Распределбата на сите транспортни дозволи во Македонија, како и самото аплицирање се целосно модернизирани и се вршат по електронски пат, а распределбата е јавна, во присуство на самите превозни компании - се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik