Приватниот сектор да не го базира развојот само на кредити

Bez autora
Nov 02 2016

Пазарот на капитал може да послужи како корисна алатка за развој на државата и на приватниот сектор кој е клучен за создавање работни места, оцени вчера во Скопје, Ханес Такач, помошник-директор на Одделот за локална валута и развој на пазарите на капитал во Европската банка за обнова и развој. Зборувајќи на конференцијата „Државите и пазарот на капитал“, тој рече дека за да се постигне тоа, неопходно е да се подигне свеста за ваквата улога на пазарите на капитал. Тој, меѓу другото, зборуваше и за можноста берзите да го пополнат јазот во финансирањето, односно да послужат како посредник во финансирање на компаниите од основањето па се' до нивниот развој, за што, како што нагласи, е многу важна и поддршката од државата.

Приватниот сектор да не го базира развојот само на кредитиПазарот на капитал може да послужи како корисна алатка за развој на државата и на приватниот сектор кој е клучен за создавање работни места, оцени вчера во Скопје, Ханес Такач, помошник-директор на Одделот за локална валута и развој на пазарите на капитал во Европската банка за обнова и развој. Зборувајќи на конференцијата „Државите и пазарот на капитал“, тој рече дека за да се постигне тоа, неопходно е да се подигне свеста за ваквата улога на пазарите на капитал.

Тој, меѓу другото, зборуваше и за можноста берзите да го пополнат јазот во финансирањето, односно да послужат како посредник во финансирање на компаниите од основањето па се' до нивниот развој, за што, како што нагласи, е многу важна и поддршката од државата.

„Мора да постои координирана акција меѓу државните институции и приватниот сектор, односно пазарот на капитал. Преку разни студии се покажува дека развиениот банкарски сектор со поддршка од државата може навистина да биде голем поттик за развој на пазарот на капитал и на економијата воопшто. Мислам дека веќе постојат добри практики од држави кои се со различни големини и коишто се наоѓаат во различна фаза на својот економски развој“, рече Такач.

Според универзитетскиот професор Томе Неновски, во Македонија нема доволно инструменти кои ќе бидат атрактивни на Берзата и е неопходна, како што рече „демократизација на финансискиот пазар“.

„Во моментов постои доминација на државните хартии од вредност, а населението, фирмите и банките се ориентирани кон ваквите хартии од вредност, благајнички записи, државни записи и обврзници“, рече Неновски. Според Неновски, фирмите и граѓаните не можат да исцртаат долгорочна линија или графикон на принос.

„Едноставно, кај нас го немаме она што го имаат развиените берзи за да видиме што ќе не' чека по три или пет години ако инвестирам во таква хартија од вредност. Тоа е нешто што во наредниот период треба да го развиеме. Во целина земање учество на сите фактори на чело со државата и нејзините институции со зголемување на бројот на инвеститори или со т.н. демократизација на финансискиот пазар“, изјави Неновски.

Демократизацијата, како што појасни, подразбира зголемен број хартии од вредност, односно инструменти, учесници и посредници, пазар на формирање каматни стапки, но да не се дозволи да се претвори во анархија.

„Во таа смисла регулаторот треба да ги зацврсти поставените правила на игра и да нема злоупотреби и инсајдерско тргување“, рече Неновски.

Конференцијата ја организираа Македонската берза и магазинот „Економија и бизнис“. Главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, рече дека по 25 години пазарна економија во Македонија треба да се направат дополнителни напори приватниот сектор да не го базира финансирањето на својот развој само на кредити, туку да дојде до формирање на поголема капитална база, која ќе придонесе компании да работат поуспешно, да дојде до раст на БДП и на вработувањата.

„Развојот на пазарот на капитал е долг процес, нема краткорочни и лесни поместувања на работите, врзано е со менталитетот на бизнисите, со сигурноста и одржливоста на правниот систем и потребните подобрувања. Доаѓа до некои чекори за подобрување во регионот, кај нас можеби побавно“, изјави Штериев.

Зборувајќи за поврзување на берзите од регионот, Штериев рече дека до крајот на годинава и берзите од Љубљана и Белград ќе се вклучат во платформата СЕЕ линк, што ја иницираше Македонската берза, а во која се и берзите од Софија и од Загреб. Преку оваа платформа веќе се склучени неколку трансакции, и иако не станува за голем број, сепак, како што нагласи, е во рамки на очекувањата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik