Приватните пензиски друштва се' побогати

Bez autora
Jul 21 2015

Парите што идните пензионери ги штедат во вториот пензиски столб бележат постојан раст. За седум години, просечниот принос во двата пензиски задолжителни фондови - КБ Прво пензиско друштво и НЛБ Прв пензиски фонд во вториот столб на задолжителното пензиско осигурување се зголемил за околу пет отсто, или во нивните каси досега се слеале повеќе од 537 милиони евра. И доброволните пензиски фондови имаат зголемен принос и тоа над шест отсто. Ова го покажува последниот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), за која овие резултати се успешни ако се споредат со негативните приноси на пензиските фондови на земјите во регионот и пошироко. Друштвата што управуваат со фондовите, според анализата, најмногу инвестирале во домашни инструменти.

Парите што идните пензионери ги штедат во вториот пензиски столб бележат постојан раст. За седум години, просечниот принос во двата пензиски задолжителни фондови - КБ Прво пензиско друштво и НЛБ Прв пензиски фонд во вториот столб на задолжителното пензиско осигурување се зголемил за околу пет отсто, или во нивните каси досега се слеале повеќе од 537 милиони евра. И доброволните пензиски фондови имаат зголемен принос и тоа над шест отсто.

Ова го покажува последниот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), за која овие резултати се успешни ако се споредат со негативните приноси на пензиските фондови на земјите во регионот и пошироко. Друштвата што управуваат со фондовите, според анализата, најмногу инвестирале во домашни инструменти. Во државни хартии од вредност, вложени се 58 отсто од парите, во депозити во македонските банки 11 отсто, а во акции три отсто. Во странски инвестициски фондови и акции, вложени се 27 отсто од средствата. Фактот што дури 60 проценти од средствата друштвата ги инвестираат во државни хартии од вредност зборува дека нивната инвестициска политика се' уште е конзервативна, иако законската регулатива не ги спречува да влегуваат и во поризични пласмани. Според МАПАС, постојат строги услови и правила каде можат парите да се инвестираат, за да се спречат поголеми ризици и загуби на средства.

Во приватните пензиски фондови членуваат околу 387 илјади вработени кои опфаќаат 70 отсто од вкупниот број осигуреници во државниот фонд. Од нив заклучно со 30 јуни годинава, 202. 996 се членови на КБ Прво пензиско друштво, додека 185.324 се на НЛБ Прв пензиски фонд. Нивната просечна старост изнесува 34 години. За само еден месец од мај до јуни годинава, бројот на осигуреници во КБ Прво пензиско друштво се зголемил за 1.781 вработен, додека во НЛБ Прв пензиски фонд за 1.862 вработени. Осигурениците на двата фонда во просек имаат заштеда од околу 90.000 денари на нивните индивидуални сметки.

Лани од задолжителните пензиски фондови биле исплатени вкупно 200 исплати на пензии и еднократни средства. Најчесто биле остварени семејни пензии или наследство од починати осигуреници, но и исплати на инвалидски пензии. Исплатата на првите старосни пензии од вториот столб може да се очекува за десетина години.

Иако бројот на членови во третиот доброволен пензиски столб лани се зголемил за 10 отсто, сепак вкупната бројка од 20.400 осигуреници е се' уште премала во однос на вториот пензиски столб. Само 30 отсто од нив самите вложиле пари во доброволните фондови, другите 70 отсто од луѓето се учесници во пензиските шеми на фирмите во кои работат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik