Продолжува мерката за дополнителнa субвенција од 3 денари за производителите на јаболка

Bez autora
Mar 05 2019

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска, во Ресен, имаше работен состанок со производителите на јаболка. На средбата министерот Николовски им соопшти на производителите на јаболка дека мерката за дополнителна субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко се продолжува и ќе важи до 30 јуни 2019 година. Ова продолжување на времетраењето на мерката е по барање на производителите на јаболка.

Продолжува мерката за дополнителнa субвенција од 3 денари за производителите на јаболкаМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска, во Ресен, имаше работен состанок со производителите на јаболка.

На средбата министерот Николовски им соопшти на производителите на јаболка дека мерката за дополнителна субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко се продолжува и ќе важи до 30 јуни 2019 година. Ова продолжување на времетраењето на мерката е по барање на производителите на јаболка.

Износот на мерката е дополнителни 3 денари за индустриско јаболко предадено кај регистрирани откупувачи вклучително и за јаболко што се извезува. Со оваа одлука се очекува да се откупат до 30.000 тона јаболка, што се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.

МЗШВ оваа дополнителна мерка ја воведе минатата година, а во периодот по нејзиното стапување во сила до денес се откупени 45 илјади килограми јаболка, што е 2-3 пати повеќе од која било година претходно. Тоа се околу 2,5 милиона евра повеќе што оваа година ќе дојдат кај производителите на јаболка во Преспанскиот Регион.

МЗШВ претходно ги прифати и другите две барања на производителите на јаболка, односно основната субвенциија за одржување овошни насади ќе биде исплатена до 25 март, а дополнителната поддршка од 3 денари ќе биде исплатена до 30 јуни.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik