Продолжува неизвесноста за металците

Bez autora
Aug 03 2016

Металната индустрија во земјава и годинава се соочува со старите проблеми - ниски цени на производите, нередовни нарачки и неизвесна иднина. Ова го илустрираат и податоците кои до Берзата ги достави скопски „Макстил“, една од водечките компании во овој сектор кај нас, според кои во првите шест месеци годинава беше остварена бруто-добивка од скромни 24 илјади евра и нето-добивка од 17,3 илјади евра. Првата половина на 2016 година не се разликува многу од истиот период минатата година во смисла на крајно сложени и неизвесни услови на стопанисување кои во континуитет се одржуваат уште од крајот на 2008 година, се вели во образложението на деловните резултати на компанијата. Од таму посочуваат дека нарачките се на незадоволително ниво, а продажните цени се ниски.

Продолжува неизвесноста за металцитеМеталната индустрија во земјава и годинава се соочува со старите проблеми - ниски цени на производите, нередовни нарачки и неизвесна иднина.

Ова го илустрираат и податоците кои до Берзата ги достави скопски „Макстил“, една од водечките компании во овој сектор кај нас, според кои во првите шест месеци годинава беше остварена бруто-добивка од скромни 24 илјади евра и нето-добивка од 17,3 илјади евра.

„Првата половина на 2016 година не се разликува многу од истиот период минатата година во смисла на крајно сложени и неизвесни услови на стопанисување кои во континуитет се одржуваат уште од крајот на 2008 година“, се вели во образложението на деловните резултати на компанијата.

Од таму посочуваат дека нарачките се на незадоволително ниво, а продажните цени се ниски. Згора на се', овие акутни проблеми се само дополна на други состојби кои се провлекуваат уште од периодот пред транзицијата, како што е разбивањето на единственоста на енергетската инфраструктура во индустрискиот комплекс на Железарницата, а пред се', водоснабдувањето на технолошките процеси, потоа нерешени имотно-правни прашања, проблематични судски спорови и сл.

„Особено треба да се истакне и неразумно долгото одолговлекување на регулативата за увоз на старо железо како најсериозен лимитирачки фактор за производство на сопствен челичен полуфабрикат“, велат од „Макстил“.

Инаку, резултатите од работењето на компанијата покажуваат дека годинава заклучно со јуни биле продадени 93.463,3 тони челични производи, незначително помалку споредено со истиот период лани (кога биле продадени 93.950,6 тони), што е далеку од расположливите капацитети на „Макстил“.

Од „Макстил“ велат дека недоволните нарачки и нивната нередовност влијаат врз континуитетот на производството, што пак ги зголемува трошоците на работењето, а со тоа и на економичноста.

Работењето на „Макстил“, а и на другите компании од овој сектор во земјава, е зависно од надворешните пазари, пред се', во Европа. Како што објаснуваат металурзите, европската економија и натаму се соочува со бројни предизвици, како и со тоа дека нема некои позначајни инвестициски зафати кои би ја повлекле челичната индустрија.

Особено не како во „златните“ времиња пред кризата во 2007-2008 година, кога и по обем и финансиски, работите беа неспоредливо подобри.

„Од 2008-2009 година, кога кризата се почувствува и во Европа, па се' до денес, минуваме низ тежок период, кој пред се' е поради конјунктурата на надворешните пазари“, вели Митко Кочовски од „Макстил“, кој воедно е и претседател на Здружението за металургија при Стопанската комора на Македонија.

„Макстил“ во изминатиот период инвестираше значајни средства во осовременување на технолошкиот процес на производство и во заштита на околината, но се' уште не може пазарно да ги валоризира тие инвестиции.

Инаку, Кочовски со професорот Дарко Лазаров, минатата година во Стопанската комора, презентираа економска импакт-анализа и студија за развојниот потенцијал на индустријата за основни метали, која се темелеше на анализа на 12 компании од челичната индустрија, феролегурите и леарската дејност, која покажа поразителни ефекти на светската економска криза врз оваа индустрија.

Проблемите се уште поголеми ако се знае дека оваа индустрија има најголеми мултипликативни ефекти врз вработеноста, учеството во БДП, извозот. Така, според студијата од 5,73 отсто во 2007 година, учеството на оваа индустрија во БДП се намалило на само 1,36 отсто во 2014 година.

Челичната индустрија во 2007 година учествувала со 33,5 отсто во вкупната преработувачка индустрија, а во 2014 само со 7,56 отсто. Слично е со учеството во вкупниот извоз (од 31 отсто во 2007 година, на 13 отсто во 2014).

Од „Макстил“ не очекуваат подобрување на условите за стопанисување ниту во наредниот период.

„За втората половина на годината не се очекуваат позначителни промени на состојбите. Покрај намалените продажби поради сезонските осцилации, како сезоната на колективните одмори во Европа, отсуството на поголеми инвестициски проекти, и во регионот и во Европа ќе има силно лимитирачко дејство на динамизирањето на производните активности, што значи дека произведените и отпремените количини не се очекува во значителна мера да ги надминат минатогодишните производни остварувања“, се вели во образложението.

Инаку, и покрај тоа што лани беше остварен позитивен финансиски резултат, за 2015 не е исплатена дивиденда, а добивката е искористена за покривање на загуби од минатите години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik