Продолжува растот и позитивните резултати на ВВ „Тиквеш“

Bez autora
Mar 14 2017

Вкупните приходи на ВВ „Тиквеш“ во текот на минатата 2016 година забележале раст од 112,8 милиони денари, што претставува зголемување за 9 отсто во однос на претходната година. Ваквиот раст се должи на зголемените приходи од продажбата на вино на домашниот пазар за 12 процент, како и од растот на приходите од извоз за 6 отсто. Растот на приходите генерираше и пораст на бруто добивката од 27 отсто, што во комбинација со пониските оперативни расходи за 6 проценти на винарската визба „Тиквеш“ ѝ овозможија да забележи зголемување на оперативната добивка за 32 отсто во однос на претходната година.

Продолжува растот и позитивните резултати на ВВ „Тиквеш“Вкупните приходи на ВВ „Тиквеш“ во текот на минатата 2016 година забележале раст од 112,8 милиони денари, што претставува зголемување за 9 отсто во однос на претходната година. Ваквиот раст се должи на зголемените приходи од продажбата на вино на домашниот пазар за 12 процент, како и од растот на приходите од извоз за 6 отсто. Растот на приходите генерираше и пораст на бруто добивката од 27 отсто, што во комбинација со пониските оперативни расходи за 6 проценти на винарската визба „Тиквеш“ ѝ овозможија да забележи зголемување на оперативната добивка за 32 отсто во однос на претходната година.

„Задоволни сме од остварените резултати кои покажуваат дека нашата стратегија за долгорочен развој се остварува онака како што е зацртанo“ е првичниот коментар на објавените резултати од генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски, кој додава дека „фокусот на натамошниот развој на „Тиквеш“ останува имплементацијата на најновите глобални трендови во винската индустрија, развојот на нови вински брендови и промоција на висококвалитетното македонско вино во светот“.

ВВ „Тиквеш“ очекува продолжување на позитивните финансиски резултати и во 2017 и реализација на планираното зголемување на приходите од продажба за 10 отсто во однос на 2016-та година, при што учеството на приходите од продажбата на домашниот пазар се очекува да биде 48 процент, а на извозните пазари 52 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik