Продолжува трендот на блок трансакции на Македонската берза за хартии од вредност....

Bez autora
Dec 08 2015

Првиот ден оваа трговска седмица Македонската берза го започна со вкупен промет од над 27,5 милиони денари и пад на индексите МБИ-10 од 0,09 отсто и ОМБ пад од 0,20 отсто соодветно. Трендот на блок трансакции кој почна претходната седмица, во сличен стил продолжува на самиот почеток на оваа, и тоа со три различни компании. Прва беше блок трансакцијата со акциите на „Скопска Пивара“ во која беа реализирани 824 акции по цена од 6.070 денари, што претставува пад од дури 90,76 отсто во однос на последната истргувана цена на оваа акција. Покрај блокот со акциите на оваа компанија, преку блок трансакции поминаа и 4.968 акции од ЗК „Пелагонија“ АД Битола по цена од 1.600 денари, како и 3.300 акции од „Жито Полог“ Тетово по просечна цена од 2.000 денари.

Продолжува трендот на блок трансакции на Македонската берза за хартии од вредност....Првиот ден оваа трговска седмица Македонската берза го започна со вкупен промет од над 27,5 милиони денари и пад на индексите МБИ-10 од 0,09 отсто и ОМБ пад од 0,20 отсто соодветно.

Трендот на блок трансакции кој почна претходната седмица, во сличен стил продолжува на самиот почеток на оваа, и тоа со три различни компании.

Прва беше блок трансакцијата со акциите на „Скопска Пивара“ во која беа реализирани 824 акции по цена од 6.070 денари, што претставува пад од дури 90,76 отсто во однос на последната истргувана цена на оваа акција. Покрај блокот со акциите на оваа компанија, преку блок трансакции поминаа и 4.968 акции од ЗК „Пелагонија“ АД Битола по цена од 1.600 денари, како и 3.300 акции од „Жито Полог“ Тетово по просечна цена од 2.000 денари.

Од обврзниците се тргуваше со тринаесеттата емисија со која се оствари промет од безмалку 75 илјади денари, како и со обврзниците од четиринаесеттата емисија со промет од 1,2 милиони денари.

Листата на победници ја предводеше акцијата на „Реплек“ АД Скопје со пораст од 2,93 отсто, додека кај губитниците пад од цели 10 отсто од вредноста забележа акцијата на „Топлификација“ АД Скопје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik