Проектот „Иловица“ ќе стартува во втората половина од 2016 година

Bez autora
Jan 13 2016

Студијата за изводливост за наоѓалиштето на злато и бакар „Иловица“, ја покажува економската стабилност на проектот, оценуваа првите луѓе на компанијата „Еуромакс ресурсис“, која е сопственик на рудникот. Иако многу нови и големи проекти низ светот привремено се прекинати како одговор на неодамнешниот пад на цените на металите, ние веруваме дека сега е идеално време за градење, со цел да се искористи веројатно очекуваниот недостиг од снабдување со метали.

Проектот „Иловица“ ќе стартува во втората половина од 2016 годинаСтудијата за изводливост за наоѓалиштето на злато и бакар „Иловица“, ја покажува економската стабилност на проектот, оценуваа првите луѓе на компанијата „Еуромакс ресурсис“, која е сопственик на рудникот.

„Иако многу нови и големи проекти низ светот привремено се прекинати како одговор на неодамнешниот пад на цените на металите, ние веруваме дека сега е идеално време за градење, со цел да се искористи веројатно очекуваниот недостиг од снабдување со метали.

Веруваме дека не само што сме добро поставени да профитираме од секое подобрување на цените на металите, туку исто така, со намалените оперативни трошоци на ниво до 200 долари/унца, ние сме подеднакво добро подготвени да ја издржиме секоја долготрајна слабост на пазарот, задржувајќи го позитивниот паричен проток.

Со животен век од 20 години, ова е значаен проект за Македонија, кој може да го зајакне економскиот профил на земјата. Огромната поддршка која продолжуваме да ја добиваме од сите чинители ни овозможува цврсто да се движиме кон нашата поставена цел за започнување на изградбата кон крајот на оваа година“, посочува Стив Шарп, претседател и главен извршен директор на „Еуромакс ресурсис“.

Во третиот квартал од 2016 година треба да почне изградбата на проектот „Иловица“. Во тек се административните активности за изработки на студии, како и за добивање дозвола за градба.

Процените се дека рудникот ќе има век од 20 години. Годишниот капацитет е 10 милиони тони, а просечното годишно наплатливо производство е проценето на 83.000 унци злато и 16.000 тони бакар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik