Произведени 565 милиони киловат часови електрична енергија во ХЕС „Црн Дрим“

Bez autora
Dec 20 2016

Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“, кои го сочинуваат Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“, годинава ќе прокнижат уште еден рекорден производствен резултат благодарение на поволната хидрологија и подготвеноста на електромашинската опрема. Турбините на двата значајни електроенергетски објекти во поголемиот период од годинава работеле под полн капацитет и до средината на овој месец произвеле 565 милиони киловат часови елекрична енергија, што е поголемо производство од планираното. Дотекот во акумулацијата „Глобочица“ изнесува 30 метри кубни вода во секунда и располага со резерва за производство на 13 милиони киловат часови електрична енергија. Моментниот дотек на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“ е над 40 метри кубни во секунда и има резерва на вода за производство на околу 20 милиони киловат часови електрична енергија.

Произведени 565 милиони киловат часови електрична енергија во ХЕС „Црн Дрим“Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“, кои го сочинуваат Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“, годинава ќе прокнижат уште еден рекорден производствен резултат благодарение на поволната хидрологија и подготвеноста на електромашинската опрема.

Турбините на двата значајни електроенергетски објекти во поголемиот период од годинава работеле под полн капацитет и до средината на овој месец произвеле 565 милиони киловат часови елекрична енергија, што е поголемо производство од планираното.

Дотекот во акумулацијата „Глобочица“ изнесува 30 метри кубни вода во секунда и располага со резерва за производство на 13 милиони киловат часови електрична енергија.

Моментниот дотек на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“ е над 40 метри кубни во секунда и има резерва на вода за производство на околу 20 милиони киловат часови електрична енергија.

Од ХЕС „Црн Дрим“ очекуваат планираното производство за годинава да биде поголемо за околу 40 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik