Производството расте, домашните бизнисмени се жалат

Bez autora
Oct 31 2016

На рударството не му оди сјајно, преработувачката индустрија некако се држи, додека најдобри резултати остварува снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Ова е накусо сликата што се добива од најновите податоци за македонското индустриско производство во септември годинава, кои деновиве ги објави Државниот завод за статистика. Инаку, само во септември домашната индустрија пораснала за 4,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, што е продолжување на трендот кој трае веќе три месеци по ред, а тој е остварување стапки на раст од околу пет проценти. Во тие рамки се движи и кумулативната стапка на раст на индустриското производство во првите девет месеци од годинава, која е поголема за 5,4 проценти во однос на истиот временски период од лани.

Производството расте, домашните бизнисмени се жалатНа рударството не му оди сјајно, преработувачката индустрија некако се држи, додека најдобри резултати остварува снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Ова е накусо сликата што се добива од најновите податоци за македонското индустриско производство во септември годинава, кои деновиве ги објави Државниот завод за статистика.

Инаку, само во септември домашната индустрија пораснала за 4,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, што е продолжување на трендот кој трае веќе три месеци по ред, а тој е остварување стапки на раст од околу пет проценти. Во тие рамки се движи и кумулативната стапка на раст на индустриското производство во првите девет месеци од годинава, која е поголема за 5,4 проценти во однос на истиот временски период од лани.

Всушност, на индустриското производство во земјава многу подобро му одеше во првите три месеци од годинава, кога стартуваше со 8 отсто раст во јануари, по што следуваа одличните 15 проценти во февруари и близу 9 отсто стапка на пораст во март. Потоа следува благо забавување со плус од 3,6 отсто во април и 5,3 проценти во мај, по што следува дури и пад на индустријата од 4,4 отсто во јуни. Во јули, август и септември, пак, повторно следува своевидно закрепнување, но воопшто не толку солиден раст како на стартот на годината, со стапки на раст на индустриското производство од 5,1 отсто, 5,2 проценти и 4,6 отсто соодветно.

Стопанствениците, и покрај овие сепак позитивни стапки на раст, велат дека политичката криза, која трае исклучително долг период, многу негативно влијае врз работењето на компаниите, како и дека штетите што таа ги носи врз бизнисот ќе се чувствуваат уште долг период во иднина. Кризата особено ја чувствуваат домашните бизнисмени, кои се борат и со голема неликвидност, за разлика од компаниите на странските инвеститори кои работат во слободните зони, и кои се главни носители на растот на индустриското производство.

Кои поединечни гранки имале подем, а кои паднале во септември во однос на истиот месец од минатата година?

Во рамките на рударството на пример, вадењето лигнит и јаглен се намалило за дури 30 проценти, додека, пак, кај вадењето руди на метал има пораст од 11,3 проценти.

Кај преработувачката индустрија, која вкупно пораснала за 4,7 отсто, пак, исклучително лош скор има кај производството на хемикалии и хемиски производи, и тоа голем пад од дури 60 проценти.

Голем процент на намалување од 9,3 отсто има и кај производството на прехранбени производи, а за 2,2 проценти се намалила и продукцијата на алкохолните пијалаци. Во септември се намалило и производството на облека и на кожа за по 3,6 и 3,2 отсто соодветно. Минус во продукцијата, и тоа за 33 проценти има кај производството на фабрикувани металски производи.

Металската индустрија во земјава, исто така, никако не успева да излезе од кризата која ја чувствува подолг период наназад поради ниските цени на металите на светските берзи. Производството на метали во септември паднало за 6,5 отсто, говорат податоците на Статистика.

Но, затоа одлично им одело на неколку индустриски гранки, од кои дел се во капацитетите што работат во слободните зони. Па така, производството на компјутерски, електронски и оптички производи во септември има раст од дури 90 отсто, производството на електрична опрема се зголемило за 31 процент, производството на машини и уреди е зголемено за 24 отсто, додека производството на моторни возила, приколки и полуприколки се зголемило за 65,8 проценти.

Значаен раст е забележан и кај преработките на дрво и производи од дрво, за 55 отсто, кај мебелот има пораст за 11 проценти, за исто толку се зголемила и продукцијата на фармацевтски производ, а производството на текстил се зголемило за 8 проценти.

И конечно, како што јавува Статистика, кај снабдувањето со струја, гас, пареа и климатизација, забележало пораст од 21,5 отсто во однос на септември минатата година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik