Продолжува растот на индустриското производство. Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, производството во август годинава е поголемо за 5,2 отсто во однос на истиот месец лани. Додека во период од 8 месеци, односно, од јануари до крајот на август, има зголемување за 5,5 отсто, споредено со истиот период минатата година. Според статистичките податоци, во преработувачката индустрија е регистриран раст од 8,4 отсто, во однос на август лани, како резултат на зголемено производство на прехранбени производи, на текстил, на основни фармацевтски производи и препарати, на производи од гума и од пластични маси, на електрична опрема, на машини и уреди, моторни возила, приколки и полуприколки, мебел... Додека пад имало во секторот рударство и вадење камен, од 10,5 отсто, како резултат на намаленото производство во вадење на јаглен и лигнит и на метали и руди.
Продолжува растот на индустриското производство. Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, производството во август годинава е поголемо за 5,2 отсто во однос на истиот месец лани. Додека во период од 8 месеци, односно, од јануари до крајот на август, има зголемување за 5,5 отсто, споредено со истиот период минатата година.
Според статистичките податоци, во преработувачката индустрија е регистриран раст од 8,4 отсто, во однос на август лани, како резултат на зголемено производство на прехранбени производи, на текстил, на основни фармацевтски производи и препарати, на производи од гума и од пластични маси, на електрична опрема, на машини и уреди, моторни возила, приколки и полуприколки, мебел... Додека пад имало во секторот рударство и вадење камен, од 10,5 отсто, како резултат на намаленото производство во вадење на јаглен и лигнит и на метали и руди.
Исто како и во извозните резултати, значителен, ако не и најголем придонес за растот на македонското индустриско производство имаат странските компании кои работат во економските зони, а пред се', „Џонсон контролс“ , „Џонсон мети“ и „Ван хол“.
Потврда за тоа е забележителниот раст на производството на приколки и полуприколки за дури 152,7 отсто во однос на август лани, како и кај поправките и инсталирањето на машини, каде скокот изнесува значителни 131,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Производството на компјутери и на електронска производи, пак, пораснало за 63,8 отсто, кај електронската опрема растот изнесувал 50,4 отсто, производството на машини и на уреди скокнало за 30,6 отсто, тутунското се зголемило за 39,9, а растот на фармацевтските производи во август изнесувал 22,9 проценти.
Од почетокот на годинава индустриското производство единствено падна во јуни годинава, за 4,4 проценти, по петмесечен континуиран раст. Поточно, во јануари, февруари, март, април и мај индустриското бележеше скокови, од 8 отсто, во февруари најмногу, 15,2, а потоа за 8,9, за 3,6 и за 5,3 проценти во мај. Во јули, пак, индустриското се зголеми за 5,1 процент.
Инаку, падот во јуни, според економските познавачи, беше резултат на политичката криза, која најмногу имаше влијание врз послабите трендови на индустриското во април. Тогаш Народна банка на Македонија евидентираше кај граѓаните најголеми повлекувања на денари од банкарските депозити, и нивно конвертирање во евра или префрлање во банкарските сефови. Поради тоа, НБРМ и ги преполови проекциите за раст за годинава, од претходните 3,5 отсто, на 1,6 проценти, под претпоставка дека политичката криза ќе се пролонгира и во наредниот период.
Според економските аналитичари, и покрај неизвесната политичка ситуација, податоците за растот на индустриското се показател дека има услови за раст на економијата.
За СДСМ, пак, податоците на Државниот завод за статистика се монтирани. Од оваа партија сметат дека е невозможно индустриското производство во Македонија да расте во услови кога има намалена продуктивност согласно извештаите на надлежните институции и намален број на работници во индустријата.