Промет од над 14 милиони денари

Bez autora
Jun 06 2017

Во понеделник на Македонската берза беше остварен вкупен промет од 14,7 денари, реализиран преку 113 трансакции. Индексот МБИ10 го продолжи позитивниот тренд зголемувајќи ја својата вредност за 0,14% и достигна 2.288,13 индексни поени, додека ОМБ во негатива за 0,07% и заврши на вредност од 128,86 индексни поени. Акцијата на Комерцијална банка беше на врвот со промет од околу 4,63 милиони денари и учество од одлични 31,41 % во вкупниот промет. Се истргуваа 1.713 лотови по просечна цена од 2.700,31 денари преку 23 трансакции. Листата на “милионери” ја надополни и акциијата на Стопанска Банка Скопје со промет од 4,05 милиони денари.

Промет од над 14 милиони денариВо понеделник на Македонската берза беше остварен вкупен промет од 14,7 денари, реализиран преку 113 трансакции.

Индексот МБИ10 го продолжи позитивниот тренд зголемувајќи ја својата вредност за 0,14% и достигна 2.288,13 индексни поени, додека ОМБ во негатива за 0,07% и заврши на вредност од 128,86 индексни поени.

Акцијата на Комерцијална банка беше на врвот со промет од околу 4,63 милиони денари и учество од одлични 31,41 % во вкупниот промет. Се истргуваа 1.713 лотови по просечна цена од 2.700,31 денари преку 23 трансакции.

Листата на “милионери” ја надополни и акциијата на Стопанска Банка Скопје со промет од 4,05 милиони денари.

Акцијата на Макошпед АД Скопје денот го заврши со најголем раст на вредноста од 20% со истргувана количина од само 50 акции, веднаш зад неа се најде акцијата на Топлификација АД Скопје со раст од нови 9,47%.

Од обврзниците за денационализација се тргуваше само со РМДЕН15, се реализираше една трансакција во вкупна вредност од скромни 28.379 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik