Прометот на индустријата зголемен за 1,8 отсто

Bez autora
Feb 15 2016

Индустријата во декември бележи зголемен промет за 1,8 отсто во споредба со истиот период во 2014 година, но во споредба со ноември бележи опаѓање од 12,6 проценти. Додека во 2015 година во споредба со истиот период 2014 година прометот во индустријата има зголемување од 8,6 отсто. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, според кои прометот остварен на странските пазари во овој период бележи пораст од 2,8 отсто, а на домашниот пазар има опаѓање од 1,2 отсто. Гледано по сектори, зголемување има кај преработувачката индустрија од 2,7 проценти, а намалување од 13,6 отсто во секторот рударство и вадење на камен.

Прометот на индустријата зголемен за 1,8 отстоИндустријата во декември бележи зголемен промет за 1,8 отсто во споредба со истиот период во 2014 година, но во споредба со ноември бележи опаѓање од 12,6 проценти.

Додека во 2015 година во споредба со истиот период 2014 година прометот во индустријата има зголемување од 8,6 отсто.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, според кои прометот остварен на странските пазари во овој период бележи пораст од 2,8 отсто, а на домашниот пазар има опаѓање од 1,2 отсто.

Гледано по сектори, зголемување има кај преработувачката индустрија од 2,7 проценти, а намалување од 13,6 отсто во секторот рударство и вадење на камен.

Според главните индустриски групи, пораст има кај капиталните производи за 14,2 отсто, трајните производи за широка потрошувачка за 21,2 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто, додека опаѓање е забележано кај енергија за 96,1 отсто и интермедијарни производи, освен енергија за 8,3 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik