Прометот во индустријата во февруари е зголемен за 4,3 проценти во споредба со јануари годинава. На домашниот пазар прометот во индустријата бележи пораст од 6,9 проценти, а на странските пазари зголемување од 2,6 проценти. Во секторот за рударство и вадење камен прометот во индустријата бележи пораст од 5,5 проценти, а во секторот за преработувачка индустрија од 4,3 отсто. Според главните индустриски групи, прометот во февруари во однос на јануари бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 5,9 проценти, капитални производи за 45,2 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 21,4 проценти, додека опаѓање има кај енергија за 5,9 проценти и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,2 проценти.
Прометот во индустријата во февруари е зголемен за 4,3 проценти во споредба со јануари годинава, објави Државниот завод за статистика.
На домашниот пазар прометот во индустријата бележи пораст од 6,9 проценти, а на странските пазари зголемување од 2,6 проценти.
Во секторот за рударство и вадење камен прометот во индустријата бележи пораст од 5,5 проценти, а во секторот за преработувачка индустрија од 4,3 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во февруари во однос на јануари бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 5,9 проценти, капитални производи за 45,2 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 21,4 проценти, додека опаѓање има кај енергија за 5,9 проценти и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,2 проценти.
Во однос на февруари лани, прометот на индустријата бележи зголемување од 34,6 проценти.