Промовиран проект за заштита на потрошувачите во вредност од над 1,3 милиони евра

Bez autora
Jul 03 2014

Министерот за економија, Беким Незири, во средата го најави новиот проект од областа на заштита на потрошувачите вреден над 1,3 милиони евра, што Министерството за економија ќе го реализира во соработка со делегацијата на Европската унија, насловен „Хармонизација на законодавството и градење на капацитетите во областа на заштитата на потрошувачите“. Со цел што поефикасна заштита на потрошувачите, воспоставување на функционални механизми за соработка со невладините организации, како и создавање на силна правна рамка за заштита на потрошувачите започнуваме проект во вредност од 1.330.000 евра, средства од ИПА фондовите, со кофинансирање од буџетот на Република Македонија, кое изнесува 10%, истакна Незири.

Промовиран проект за заштита на потрошувачите во вредност од над 1,3 милиони евраМинистерот за економија, Беким Незири, во средата го најави новиот проект од областа на заштита на потрошувачите вреден над 1,3 милиони евра, што Министерството за економија ќе го реализира во соработка со делегацијата на Европската унија, насловен  „Хармонизација на законодавството и градење на капацитетите во областа на заштитата на потрошувачите“.

„Со цел што поефикасна заштита на потрошувачите, воспоставување на функционални механизми за соработка со невладините организации, како и создавање на силна правна рамка за заштита на потрошувачите започнуваме проект во вредност од 1.330.000 евра, средства од ИПА фондовите, со кофинансирање од буџетот на Република Македонија, кое изнесува 10%“, истакна Незири.

Првиот од двата дела на проектот, е во вредност од 700.000 евра и има за цел комплетно усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, зајакнување на институционалните и технички капацитети за ефикасно решавање на потрошувачките прашања во земјата, подигање на јавната свест за правата на потрошувачите, вклучувајќи и континуирано информирање на потрошувачите за безбедноста на производите.

Вториот дел од проектот, пак, е грант договор во вредност од 630.000 евра, наменет за зајакнување на невладиниот сектор, односно е наменет за невладините организации од областа на заштита на потрошувачите.

„Досега, во двогодишните програми за заштита на потрошувачите, средствата што беа превидени за оваа намена беа премали за да може да се направи поголем исчекор во овој дел, односно во 2012 година беа издвоени 530.000 денари, во 2013 - 500.000 денари, а за оваа година 550.000 денари. Покрај тоа што за следната година ќе се обидам да овозможам барем тројно повеќе средства за потрошувачите и нивните права, сметам дека овој проект кој денеска го промовираме може да овозможи остварување на нашата цел, а тоа е воспоставување на функционални механизми за соработка со невладините организации, подготвени административни капацитети, како и создавање на силна правна рамка за заштита на потрошувачите, поточно секој потрошувач во Македонија да ги ужива сите права како и европскиот потрошувач“, рече министерот Незири.

Меѓу првите резултати од отпочнување со овој проект ќе биде постоењето на построги правила за компаниите и давателите на услуги за почитување на правата на потрошувачите. Ова ќе влијае на усогласување на пазарната економија во поизбалансиран и фер систем. Но, како што најави Незири, ќе се побара од државниот пазарен инспекторат информирање за постапките по Законот за потрошувачи со месечна динамика и ефикасно постапување при претставките и контролите на инспекцијата.

Во насока на подобра координација и подобра информираност на целните групи на овој проект, Министерство за економија има предвидено информативни денови, каде што ќе бидат поканети невладините организации, а од страна на надлежни и компетентни лица од Министерството ќе бидат презентирани начинот на подобра изработка на понудите и начинот на аплицирање, со цел реализацијата на овие средства да биде што поголема, а со тоа и исполнувањето на целта на проектот. Истовремено, ќе им се даде можност на невладините организации да поставуваат прашања, сѐ со цел да имаме што поквалитетни понуди од страна на невладиниот сектор.  За датумите на овие информативни денови невладиниот сектор ќе биде информиран преку т.н. Грантова шема.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik