Проработеа мини хидроцентралите во Крива Паланка

Bez autora
Oct 10 2015

Од денеска започнаа со производство на електрична енергија неколку мини-хидроцентрали во Крива Паланка. Капацитетите се изградени преку јавно-приватно партнерство на локалната самоуправа на општина Крива Паланка и инвеститорот „Хидро Осогово“, Скопје. „Годишното количество на електрична енергија, кое ќе се произведува во електраните, е 3,5 мегават часови. Покрај четирите хидроелектрани, заради оптимално производство на електрична енергија, инвестиравме и во нов цевковод, со стаклено-пластични цевки со должина од над 5 километри и рок на траење од 200 години, информира Жарко Кржовски од „Хидро Осогово“.

Од денеска започнаа со производство на електрична енергија неколку мини-хидроцентрали во Крива Паланка. Капацитетите се изградени преку јавно-приватно партнерство на локалната самоуправа на општина Крива Паланка и инвеститорот „Хидро Осогово“, Скопје.

„Годишното количество на електрична енергија, кое ќе се произведува во електраните, е 3,5 мегават часови. Покрај четирите хидроелектрани, заради оптимално производство на електрична енергија, инвестиравме и во нов цевковод, со стаклено-пластични цевки со должина од над 5 километри и рок на траење од 200 години, информира Жарко Кржовски од „Хидро Осогово“.

Вкупната инсталирана моќност ќе изнесува 681 киловат. Зголемениот капацитет ќе придонесе и за поголеми приходи за општината на која, според договорот, припаѓаат 17 проценти од целокупното производство на електрична енергија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik