Последните објавени податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во април просечната нето плата изнесува 23.942 денари што значи дека има зголемување од 5.6% во однос на истиот месец претходната година кога просечната исплатена нето плата по вработен била пониска за 1.270 денари и изнесувала 22.672 денари. Растот на исплатената просечна нето плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите, рударство и вадење на камен, преработувачка индустрија и објекти за сместување и сервисни дејности со храна, како и на стимулативните мерки на Владата за поддршка на компаниите да обезбедат раст на платите за своите вработени.
Последните објавени податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во април просечната нето плата изнесува 23.942 денари што значи дека има зголемување од 5.6% во однос на истиот месец претходната година кога просечната исплатена нето плата по вработен била пониска за 1.270 денари и изнесувала 22.672 денари.
Растот на исплатената просечна нето плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите, рударство и вадење на камен (32.2 %), преработувачка индустрија (13.0 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.4 %), како и на стимулативните мерки на Владата за поддршка на компаниите да обезбедат раст на платите за своите вработени.
Од Владата велат дека очекуваат трендот на раст на платите уште посилно и поизразено да продолжи со решавањето на македонско – грчкиот спор за името, со приближувањето кон членство на Република Македонија во НАТО и со интеграцијата на земјата во Европската Унија.