Според последните информации, просечната плата во август 2019 година е зголемена за 3,8 проценти и сега изнесува 25.127 денари, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Ваквиот раст на прoсечената плата се должи на стабилната економија, но и на растот на минималната плата, која за нешто повеќе од две години порасна за 5.500 денари, рече Костадинов. Тој искоментира дека просечната нето-плата по вработен во мај 2010 изнесувала 20.798 денари, а во мај 2017, изнесувала 22 889 денари, што е одвај 2 илјади денари зголемување за 7 години
Според последните информации, просечната плата во август 2019 година е зголемена за 3,8 проценти и сега изнесува 25.127 денари, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Ваквиот раст на прoсечената плата се должи на стабилната економија, но и на растот на минималната плата, која за нешто повеќе од две години порасна за 5.500 денари“, рече Костадинов.
Тој искоментира дека просечната нето-плата по вработен во мај 2010 изнесувала 20.798 денари, а во мај 2017, изнесувала 22 889 денари, што е одвај 2 илјади денари зголемување за 7 години.
„Со новото предвидено зголемување на минималната плата на 14.500 денари, но и со мерката за субвенционирање на придонесите за социјално осигурување, во следниот период се очекува дополнителен и интензивен раст на просечната плата. Сите овие параметри покажуваат дека економијата е на здрави основи и се движи во добар правец. Ваквото темпо на раст на платите обезбедуваат реални услови, до крајот на 2020 просечната плата да изнесува 30.000, а минималната плата 16.000“, рече Костадинов.
Додаде дека само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски биле и сè уште се против раст на минималната плата.