Првото решение за легализација на дивоградбите ќе биде издадено во текот на април. Тој информираше дека во текот на март се одржани над 30 трибини со граѓаните низ општините во Македонија, и најави дека оваа практика ќе продолжи и натаму. Приватните геодетски фирми веќе ги изработуваат елаборатите, неопходни за започнување на процесот на легализацијата. Во мај ќе има нови обуки на општинската администрација за процесот на легализацијата да тече непречено, затоа што не се намалува интересот на граѓаните да ги легализираат диво изградените објекти. Тој уверува дека нема да има проблеми во спроведувањето на постапката. Граѓаните се интересираат за овој процес и сакаат да решат повеќе лични прашања, како што се наследството, преносот на имотот и друго.
Првото решение за легализација на дивоградбите ќе биде издадено во текот на април, најави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Тој информираше дека во текот на март се одржани над 30 трибини со граѓаните низ општините во Македонија, и најави дека оваа практика ќе продолжи и натаму. Приватните геодетски фирми веќе ги изработуваат елаборатите, неопходни за започнување на процесот на легализацијата.
„Во мај ќе има нови обуки на општинската администрација за процесот на легализацијата да тече непречено, затоа што не се намалува интересот на граѓаните да ги легализираат диво изградените објекти“, изјави Јанакиески.
Тој уверува дека нема да има проблеми во спроведувањето на постапката. Граѓаните се интересираат за овој процес и сакаат да решат повеќе лични прашања, како што се наследството, преносот на имотот и друго.
Јанакиески потенцираше дека Министерството за транспорт го следи процесот на легализацијата на повеќе од 300.000 дивоизградени објекти во Македонија и доколку во иднина се отворат нови прашања, администрацијата ќе вложи напори целосно да ги реши.