Првите фабрики можно е да никнат до идното лето

Bez autora
Feb 22 2012

Три компании, две од Турција и една од Норвешка, доставија понуди на тендерот за менаџирање со Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово, по принципот јавно-приватно партнерство. Искуство со менаџирање со зони имаат норвешката и една од турските компании. Kомисијата за евалвација на тендерот во наредните две недели треба да ги разгледа понудите и да одлучи која од компаниите ќе се квалификува за втората фаза, што ќе почне да се спроведува од 1 април годинава. Kвалификуваните компании ќе имаат рок од 40 дена за доставување на конечните понуди. Тој прецизира дека, доколку с` биде во ред, до средината на идната година би можеле да бидат готови првите фабрики што ќе функционираат во зоната во Тетово.

Првите фабрики можно е да никнат до идното летоТри компании, две од Турција и една од Норвешка, доставија понуди на тендерот за менаџирање со Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово, по принципот јавно-приватно партнерство.

Искуство со менаџирање со зони имаат норвешката и една од турските компании.

- Kомисијата за евалвација на тендерот во наредните две недели треба да ги разгледа понудите и да одлучи која од компаниите ќе се квалификува за втората фаза, што ќе почне да се спроведува од 1 април годинава. Kвалификуваните компании ќе имаат рок од 40 дена за доставување на конечните понуди - рече министерот за економија Ваљон Сараќини на вчерашната прес-конференција.

Тој прецизира дека, доколку с` биде во ред, до средината на идната година би можеле да бидат готови првите фабрики што ќе функционираат во зоната во Тетово.

- Технолошко-индустриската развојна зона Тетово се простира на површина од 94 хектари и во неа во првата фаза е планирано да се изградат 25 до 30 индустриски објекти во кои се предвидува да се отворат до 7.000 работни места. Се предвидува зоната со целата инфраструктура да чини околу 300 милиони евра.

Државата треба да ја направи клучката на автопатот Тетово-Скопје за полесно поврзување на зоната до која сега води регионалниот пат Тетово-Желино, како и целата надворешна инфраструктура, додека концесионерот ќе биде задолжен за внатрешната инфраструктура - појасни Сараќини.

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, истакна дека предност на менаџирањето со развојните зони по принципот на јавно-приватно партнерство е што концесионерот може предвреме да ги изгради објектите и да им ги нуди под кирија или за продавање како готови на потенцијалните инвеститори.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik