Првите туристи од Холандија сезонава пристигнаа во Охрид

Bez autora
May 04 2016

Со традиционални обичаи, погача и сол, торта и воден мост во форма на виножито утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ беа пречекани првите 189 холандски туристи за оваа сезона, кои пристигнаа со чартер-летот на компанијата „Корендон“. Гостите ги пречекаа генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорот на „Фибула Ер Травел“ Асим Меџедовиќ. Задоволен што чартер летовите со холандските туристи продолжуваат шеста година по ред, директорот Крстевски очекува летово „Корендон“ да носи туристи од Холандија во Охрид на почетокот со два лета неделно, а во јули и август, со три лета неделно.

Првите туристи од Холандија сезонава пристигнаа во ОхридСо традиционални обичаи, погача и сол, торта и воден мост во форма на виножито утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ беа пречекани првите 189 холандски туристи за оваа сезона, кои пристигнаа со чартер-летот на компанијата „Корендон“.

Гостите ги пречекаа генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорот на „Фибула Ер Травел“ Асим Меџедовиќ.

Задоволен што чартер летовите со холандските туристи продолжуваат шеста година по ред, директорот Крстевски очекува летово „Корендон“ да носи туристи од Холандија во Охрид на почетокот со два лета неделно, а во јули и август, со три лета неделно.

- Овие чартер-летови, како и трите редовни линии од „Свети Апостол Павле“ кон Базел, Лондон и Цирих, заедно со новата линија Охрид-Белград, која следниот месец ќе ја воведе „Ер Србија“, како и чартер-летовите од Брисел, кои ќе почнат оваа сезона со најголемиот европски тур-оператор „Томас Кук“ и од Тел Авив со израелската авиокомпанија „Аркиа“, заедно со регуларните чартери на „Аркефлај“, исто така од Холандија, ќе придонесат за заживување на охридскиот аеродром, поголем сообраќај, но и проширен и збогатен прилив на туристи во Охрид, рече Крстевски.

Тој изрази задоволство што меѓу патниците гледа некои што веќе биле во Охрид и знаат за убавините на овој град и за Македонија. Според него, гостите што повторно доаѓаат во Охрид добро ги познаваат неговите убавини, а оние што денеска првпат стапнуваат на македонско тло, изрази уверување дека ќе се воодушеват од природата и културните знаменитости на македонскиот туристички бисер.

Охридскиот градоначаник им посака добредојде на гостите и вети дека локалната самоуправа и охриѓани ќе направат се за да се чувствуваат безбедно и да имаат незаборавен престој во Охрид.

- Како локална самоуправа и граѓани на Охрид ги уверувам сите присутни дека ќе го направиме најдоброто од нас гостите во Охрид да се чувствуваат безбедно, а нивниот престој да помине незаборавно. Неуморно ќе работиме со нашите партнери на зголемување на бројот на активностите за промоцијата и маркетингот за туристичката сезона да биде што поуспешна, а бројот на странски гости од година во година да биде се поголем, рече Бакрачески.

Директорот на „Фубула Ер Травел“, како партнер агенција на тур операторот „Корендон“ рече дека гарантираат за услугите кои гостите ги добиваат годините наназад и најави оти годинава ќе ги подобрат услугите и третманот кон гостите од Холандија и ќе ги презнетираат убавините на Охрид, но и на цела држава.

- Оваа година ќе биде година каде што ќе ги подобруваме нашите услуги и третманот кон луѓето кои доаѓаат од Холандија и ќе ги презентираме убавините што ги има Охрид, Охридското Езеро и целата наша држава, изјави Меџедовиќ, додавајќи дека тоа ќе вроди со нови туристи во Македонија за наредните години.

Некои од туристите доаѓаат првпат во Охрид, но има и такви, кои понесени од убавата природа, гостопримството и историските облележја се враќаат повторно. Оние што првпат доаѓаат велат дека за Охрид слушнале од пријатели кои веќе биле, па понесени од љубопитството и желбата да видат што нуди градот под Самоиловата тврдина.

Чартер-летовите на релација Амстердам-Охрид-Амстердам, почнаа денеска и ќе траат до седми октомври, а се очекува да бидат организирани 156 летови со над 25.000 туристи од Холандија. Лани во периодот мај-октомври преку „Свети Апостол Павле“ во Охрид биле превезени над 80 илјади патници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik